Connect with us

НБРМ

Гувернерката на НБРМ учествува на претставувањето на најновиот Регионален економски преглед за Европа на ММФ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска ќе учествува на јавното претставување на есенскиот Регионален економски преглед за Европа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што ќе се одржи во Копенхаген, Данска. Таа и гувернерот на Централната банка на Данска, Пер Калесен, преку одделни излагања ќе ги изнесат своите видувања и оценки за одделни области опфатени со Прегледот, за кој, задржувајќи се на главните наоди и согледби, најпрво ќе говори директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ,Пол Томсен.

ММФ редовно го презентира Регионалниот економски преглед за Европа, којшто се објавува со полугодишна периодичност, пред светската јавност на настан од ваков формат, а есенва за првпат на настанот за еден од тројцата говорници е поканет гувернер на НБРМ.

Во Прегледот на ММФ се прикажуваат најновите економски случувања и перспективите за земјите од различни региони на Европа, при што се посочуваат и економските политики коишто влијаат на економските состојби. Меѓу другото, во него е содржана и дискусија за главните предизвици со кои се соочуваат економските и политичките чинители во Европа. Истовремено, во Прегледот се презентираат специфични податоци и анализи за европските држави, како и аналитички текстови за прашањата коишто се од особен интерес за некои од државите.
Гувернерката на НБРМ, Ангеловска-Бежоска ќе го искористи овој значаен настан на ММФ и за билатерална средба со гувернерите на Централната банка на Данска, Ларс Роде и Пер Калесен.

НБРМ

НБРМ ја задржа каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,5%

Објавено

на

На 12 февруари 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Банкноти со “Република Северна Македонија” на почетокот од 2020 година

Објавено

на

Менувањето на банкнотите на кои ќе треба да стои новото име Република Северна Македонија ќе почне од идната година, соопштија од Владата која издаде серија на обврски со сите државни институции за почеток на примена на новото име. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ усвои две стратегии за јакнење на финансиската стабилност во земјава

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии, согласно со препораките во евроинтегративниот процес, интензивно продолжуваат со заедничките напори за натамошно зајакнување на финансиска стабилност во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange