Connect with us

Останато

Обврзници – што значат и какви ги има?

Објавено

на

Обврзниците  како најпозната форма на должнички (кредитни) хартии од вредност се дефинирани во Законот за хартии од вредност како долгорочна должничка хартија од вредност, со која издавачот се обврзува дека на сопственикот на обврзницата еднократно или во рати, ќе му го исплати на определениот ден, износот на номиналната вредност на обврзницата и камататаОбврзниците претставуваат дополнителен извор на средства за издавачот.

Обврзницата може да биде обезбедена или необезбедена, да има фиксна или варијабилна камата, да биде без камата, може на сопственикот да му дава право на камата и/или исплата на однапред определени рати, може да се откупи од страна на која било страна под одредени услови и/или може на сопственикот да му даде право да ја претвори обврзницата во друг вид на хартија од вредност на издавачот.Заради карактерот на обврзницата, како должнички инструмент, сопственикот на обврзницата е доверител и нема никакви управувачки права. Но, затоа пак тој има предност пред сопствениците на приоритетни и обични акции, во процесот на намирување на побарувањата, доколку дојде до тоа. Од тие причини помал е ризикот на сопствениците на обврзниците од оној на акционерите, но најчесто и приносот од обврзниците е помал од оној на акциите.

Сопственикот на обврзницата ја добива ветената камата по обврзницата, која најчесто е фиксна или во исклучителни случаи и варијабилна. Обврзниците, како и акциите, се хартии од вредност. Тие ја искажуваат вредноста и каматата која продавачот треба да му ја исплати на купувачот. Продавачот ја поседува обврзницата, тој може да ја продаде во замена за пари кои треба да ги врати зголемени со камата. Вредноста на обврзницата обично не е поголема од 1000 евра. Постои ризик оваа обврзница да биде заменета со акции или да ѝ биде намалена номиналната вредност. Но овој ризик е многу помал во однос на ризикот кај акциите.

Основната поделба на обврзниците е:

1. Гарантирани обврзници – обврзници кај кои покрај издавачот постои уште најмалку една институција (обично банка), која гарантира дека издавачот ќе ја изврши обврската по обврзниците и ќе ја исплати каматата и главницата во предвидените рокови. За оваа услуга гарантот добива провизија, а вообичаено тој го врши и пласманот на емисијата.
2. Осигурени (хипотекарни) обврзници – обврзници кај кои при издавањето се става хипотека на недвижниот имот на емитентот. Имотот што се користи како осигурување обично има пазарна вредност која е поголема од позајмениот износ со обврзниците. Ако издавачот дојде во финансиски тешкотии и не успее да ги изврши обврските во рокот на доспевање, имотот што е користен како обезбедување ќе се продаде за да се исплатат сопствениците на овие обврзници.
3. Неосигурени обврзници – обврзници зад кои стои само рејтингот и финансиската стабилност на друштвото. Ваквите обврзници пред се ги издаваат високо бонитетни друштва.
4. Обврзници без купон, се релативно понов вид на обврзници кои станале популарни посебно кај големите компании. Тие претставуваат обврзници без камата. Кај овие обврзници каматата не се исплатува, туку се пресметува на тој начин што се вградува во цената на обврзницата, преку дисконтот на номиналната цена (обично дисконтот се движи од 20%-30% од номиналната цена).
5. Откупливи обврзници се обврзници со фиксна камата, кои му даваат право на сопственикот да ги наплати во одреден момент пред рокот на доспевање, ако на пазарот дојде до пораст на каматните стапки во однос на каматната стапка што ја носи обврзницата.
6.  Отповикливи обврзници се обврзници кои му даваат можност на емитентот да ги повлече пред рокот на доспевање, на тој начин што на инвеститорите ќе им исплати поголема вредност од номиналната вредност на обврзниците. Повлекувањето на обврзниците не може да се изврши со нова емисија на обврзници, ниту пак пред наведениот рок за повлекување.
7. Партиципативни обврзници се обврзници кои покрај каматата му даваат на нивниот сопственик и право да учествуваат во поделбата на добивката на друштвото, доколку истата биде остварена во предвидениот износ.
8. Заменливи (конвертабилни) обврзници се обврзници кои можат во одредено време, под однапред познати услови, да се заменат за обични акции на друштвото.

Останато

Македонска делегација со успех на Светскиот Инвестициски Форум 2019

Објавено

на

На годишаната сесија на Свестскиот Инвестициски Форум на Бизнис Ангели (WBAF), кој се одржува во периодот 17-19 февруари во Истанбул, Турција, Македонската делегација предводена од страна на Сенаторот на WBAF за Македонија, проф. д-р Леонид Наков, како и од министерот д-р Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија постигна значаен успех.

За прв пат во историјата на македонското учество на овие Форуми на најголемите приватни инвеститори на неформален ризичен капитал, WBAF избра еден македонски иновативен бизнис – PowerAD од Струмица, кој е успешно оценет и селектиран во групата на 50 напредни, конкуренти стат-ап бизниси од целиот свет, а кои на Форумот ќе добијат ексклузивна директна можност за финансирање на сопствената бизнис идеја од многубројните инвеститоти присутни на годинешниот Форум, кои потекнуваат од европските и светски мрежи на бизнис ангели.

„Целосно сме убедени дека овој успех ќе охрабри и многубројни останати македонски носители на иновативни и конкурентни идеи да ги развиваат своите развојни проекти според моделите на WBAF кои поттикнуваат одржлив организациски развој“, изјави Наков.

Ксенија Вангелова, директор на BIC-SR – Регионален бизнис центар за иновации истакна дека голем успех е што стат ап-от PowerAD од Струмица се најде меѓу првите 50 иноватори старт ап бизниси на Светскиот Форум во огромна конкуренција и додаде дека ова е само почетокот на презентирање на македонските иновативни идеи како потенцијал за вложување од инвеститори и можност за раст на македонските претприемачки проекти.

Продолжи со читање

Останато

Еднаш банкар, цел живот банкар

Објавено

на

Успешен банкар со иницијали Б.П., уште пред 8 години се стекнал со правото на целосна старосна пензија, но поради лична желба и финансиски потреби продолжил да работи како банкарски советник и во својата 73-та година од животот.

Тој паралелно примал и пензија и плата како советник, пред од своите пријатели пензионери да дознае дека според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, не смее да работи повеќе од пет години, по пензионирањето.

Тој бил поканет, откако официјално го напуштил своето работно место во банката, да остане во Надзорниот одбор, но не му било јасно дали може да ја прифати функцијата ако и дефинитивно замине во пензија. Во банката му објасниле дека должината на стажот сега кога веќе е пензионер, зависи само од неговата здравствена состојба и желба за работа, но “вечниот” банкар сакал да се осигура дека тоа е така.

Банкарот признал дека не е правник и дека не знае сам да го протолкува Законот за пензиско и инвалидско осигурување, но изјавил дека е способен за работа, се додека го држи здравјето и додека има желба за работа. Неговото работно време не е ограничено и не мора да стравува од пазарната инспекција која би можела да го казни работодавачот.

Тој се мотивирал да продолжи да работи, откако прочитал дека хрватските пензионери покренале иницијатива и започнале да работат во локален синџир на продавници за храна по четири часа на ден.

На прашањето колку најдолго пензионерите можат да работат и по пензионирањето и дали постои ограничување во години, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување одговори дека не постојат законски ограничувања во однос на траењето на работниот однос на пензионери.

Пензионерите кои имаат желба за работа и по пензионирањето, може без ограничување повторно да се вработат во Договор со работодавачот, а платата ќе им се исплаќа по основ на договор за авторско дело, и тие притоа непречено ќе може да добијат и пензија.

Па така, банкарот кој освен што е пензионер, член е и на Надзорниот одбор на банката, не е обврзан секоја година да аплицира во Фондот на ПИО за да му се издаде потврда за продолжување на работниот однос.

Продолжи со читање

Криптовалути

Symantec предупредува за постоење на скриени апликации кои “копаат” криптовалути

Објавено

на

Компанијата Symantec објави нов безбедносен извештај во кој предупредува за постоење на осум малициозни апликации коишто се пронајдени во склоп на Windows 10 апликацијата во официјалната продавница, Microsoft Store.

Се работи за апликации кои беа објавени во Microsoft Store помеѓу април и декември 2018 година и содржат компонента којашто служи за “копање” на криптовалутата Монеро, а тоа корисниците кои ја инсталирале Windows 10 апликацијата, не го знаеле. Спорните апликации во просек имале и повеќе од 2.000 рецензии, а веројатно и напумпани оценки.

Самите апликации биле претставени како нови интернет пребарувачи, алатки за репродукција на мултимедијални содржини и за преземање содржини од интернет, како и водичи за оптимизација на батериите. Се верува дека зад сите овие апликации стои еден  ист програмер или група на програмери.

По добивањето на деталите за овие малициозни апликации, Мајкрософт веднаш ги повлече од продажба.

Имињата на осумте контроверзни апликации за кои алармира Symantec се:

  1. Fast-search Lite,
  2. Battery Optimizer (Tutorials),
  3. VPN Browser,
  4. Downloader for YouTube Videos,
  5. Clean Master (Tutorials),
  6. FastTube,
  7. Findoo Browser 2019,
  8. Findoo Mobile & Desktop Search.
Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange