Connect with us

Електронско банкарство

Заложба за безбедност на производи на онлајн пазарот

Објавено

на

Интернетот и дигиталните технологии го трансформираат нашиот свет. Но, постоечките бариери на интернет значaт дека граѓаните ги пропуштаат стоките и услугите, интернет компаниите и новоформираните претпријатија имаат неограничени хоризонти, а бизнисите и владите не можат сеуште целосно да имаат корист од дигиталните алатки. Време е да се направи единствен пазар на ЕУ погоден за дигиталната ера – соборувајќи ги регулаторните ѕидови и движејќи се од 28 национални пазари на еден. Ова може да придонесе за 415 милијарди евра годишно на европската економија и да создаде стотици илјади нови работни места.

Четирите големи онлајн пазари кои се активни во Европа – Alibaba, Amazon, eBay и Rakuten France – ја потпишаа Заложбата за безбедност на производите произлезена од Европската комисија. Тие побрзо ќе ги отстрануваат опасните и небезбедните продукти од нивните онлајн пазари. Онлајн продажбата претставува 20% од вкупната продажба во 2016 година во ЕУ (Еуростат).

Alibaba Group, Amazon, eBay и Rakuten-France се обврзаа да ги преземат следните чекори:

  • Реакција за два работни дена доколку локалните власти известат за продукт кој не е безбеден. Компаниите ќе ја следат ситуацијата и ќе ги информираат властите за преземените мерки.
  • Обезбедување јасен начин преку кој корисниците може да известат за небезбеден продукт во е-продавницата. За пријава од страна на корисниците за ваков продукт тие ќе одговорат во рок од 5 работни денови.
  • Ќе се консултираат со Системот на ЕУ за брзо предупредување за опасни производи, но и од други извори како органите одговорни за преземање соодветни акции од оваа област.
  • Ќе обезбедат контакт лице за надлежните институции од земјите членки на ЕУ за известување за опасни производи и за понатаможна комуникација за работи од областа на безбедни продукти.
  • Ќе преземат мерки за да се спречи повторно појавување на пазарот на продукти кои веќе биле отстранети поради безбедност.
  • Ќе обезбедат информации и тренинзи за е-трговците за зголемување на знаењата за европската легислатива за безбедност, ќе бараат да се делува согласно регулативата и ќе обезбедат линк на е-трговците од европската реглатива за безбедност на производи.

Е-трговците и Европската комисија ќе изготвуваат извештај за прoгресот на ова тема на секои 6 месеци.

Електронско банкарство

Повеќе од 30 говорници од 9 држави ќе учествуваат на првата Конференција за е-трговија во Македонија


Објавено

на

Организаторите на првата годишна македонска Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 26-ти октомври во хотел Мериот во Скопје, ја објавија финалната програма. Агендата е составена од поздравни обраќања, главни говори, панел дискусии и неколку изненадувања за учесниците, а ќе биде реализирана од страна на триесетина говорници од 9 држави. Покрај локалните учесници и експерти за е-трговија, ќе има говорници и од Калифорнија (САД), Велика Британија, Чешка, Словенија, Бугарија, Србија, Полска и Белгија. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Три нови функционалности во електронското банкарство на Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Електронското банкарство за физички и правни лицa на Силк Роуд Банка од денес е збогатено со три нови функционалности и тоа: девизен пазар, девизни плаќања и девизни приливи. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

МОЈА БАНКА, Мобилна банка на Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

MОЈА БАНКА апликација на Охридска банка Сосиете Женерал која Ви овозможува Вашиот мобилен уред да биде Ваша подвижна виртуелна експозитура преку која на брз, сигурен и лесен начин имате информација за сите Ваши сметки, кредитни картички, кредити, депозити, а можете да правите плаќања кога било и од каде било.

Апликацијата е бесплатна и можете да ја преземете преку Google Play Store или Apple App Store, а поддржува верзии на оперативните системи Android и IOS не постари од Android 4.2 и IOS 7.0.  Еден корисник може апликацијата да ја користи на максимум три различни уреди.

Достапна е за користење на 3 јазици: македонски, албански и англиски.

Со максимална сигурност на располагање Ви се следниве услуги:

  • Пристап до Вашите сметки, состојбата и расположливите средства, во секое време (преглед на состојба, промет за период, структура на картични трансакции, увид во извршените налози, амортизациони планови, напредно пребарување на налози, преглед на кредити, кредитни и дебитни картички, кредити, депозити и сл.)
  • Креирање на ПИН-код за поедноставно и побрзо најавување без да се загрози безбедноста на вашите финансиски информации
  • Користење на готови шаблони за брзи плаќања на сопствени сметки, уплати за кредити и кредитни картички и други плаќања
  • Користење на готови шаблони за брзо плаќање на режиски трошоци (вода и комуналии, струја, парно, телекомуникации, кабелски оператори, радиодифузна такса итн.)
  • Извршување на налози за плаќање преку стандардните обрасци ПП30 и ПП50, со можност за избор од сопствените сметки (Мои сметки)
  • Извршување на конверзија на девизи помеѓу Вашите сметки
  • Калкулатори за пресметка на кредитните и депозитните производи на Банката
  • Курсна листа со напреден преглед
  • Лоцирање на банкоматите и експозитурите на Банката со можност за креирање на локациска маршрута, увид во работното време на филијалите и нивните контакт-податоци
  • Нотификациско сандаче за прием на известувања

Апликацијата можете да ја користите дури и доколку не сте клиент на Банката. Едноставно, само симнете ја апликацијата и ќе можете да ги користите јавно достапните услуги за нашите производи и услуги, геолокациските услуги за наоѓање на најблиска експозитура или банкомат.

Посетете ја најблиската експозитура и станете корисник на Моја банка.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange