Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола

Објавено

на

Службата за човечки ресурси за потребите на Секторот за работа со правни лица, Служба за големи клиенти, објавува оглас за ангажирање еден (1) извршител на работното место самостоен стручен соработник 2 за работа со големи клиенти.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  •   Економски факултет,
  •   Најмалку 3 (три) години работно искуство во банка,
  •   Задолжително познавање на официјалниот јазик на РМ,
  •   Одлично познавање на англиски јазик,
  •   Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office)

Лични карактеристики и вештини потребни за работното место

  • Работливост,
  • Личен интегритет,
  • Доверливост,
  • Способност за работа под притисок и во кратки рокови,
  • Toчност,
  • Комуникативност,
  • Креативност,
  • Добри организациски вештини,
  • Добри интерперсоналнии комуникациски вештини за воспсотавување односи со персоналот,
  • Способност да анализира, интерпретира и презентира законска рамка,
  • Вештини за преговарање и разрешување на проблеми,
  • Иницијативност и способност да дава нови идеи,
  • Организациски и вештини за ланирање и управување со сопственото време за да се почитуваат поставените рокови и цели,
  • Способност за медијаторство,
  • Способност за презентација,
  • Работа на компјутер,
  • Возачка дозвола Б категорија.

Дел од работните задачи и одговорности на работното место:

  1. Се грижи за остварување на поставените цели, го следи исполнувањето на планот, резултаите од работењето и споредба со планските задачи,
  2. Се грижи коминтентите, другите служби во банката, и претпоставените да ги добијат потребните информации на време,
  3. Одговорен е за работењето на клиенти кои согласно критериумите за сегментација на клиентите спаѓаат во категоријата, на големи клиенти спрема својата изложенст, депозити или промет во денарскиот или девизиот платен промет, како и согласно билансната сума и вкупните остварени приходи согласно годишните финансиски извештаи,
  4. Анализира кредитни барања, оценка на обезбедувањето, во согласност со политиките и процедурите на банката,
  5. Ги следи пласманите, и подмирувањето на обврските на клиентите,

Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација Млечен Скопје, со договор на неопределено време, со полно работно време од 8 до 16 часот и нето плата од 43.000,00 денари.

Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик, во рок од 7 (седум) дена од денот на објавувањето на огласот на следнaта адреса: hr@stbbt.com.mk со назнака во Subject „За самостоен стручен соработник 2 за работа со големи клиенти“.

Повеќе

Банки

Оглас за вработување на 5 лица во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 5 лица на следните работни позиции: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување на Стопанска Банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска Банка АД Битола се стреми кон континуирано унапредување, усовршување и надградување со цел да бидат исполнети сите барања и потреби на клиентите.За таа цел, Банката е во потрага по нови, образовани, талентирани  и високо мотивирани кадри кои знаат да ги препознаат предизвиците на новите времиња. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Охридска банка вработува!

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух. Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • ИТ поддршка за корисничка околина
  • Инсталирање и конфигурирање на компјутерски хардвер, софтвер, системи, мрежи, принтери и скенери
  • Мониторинг и одржување на компјутерски системи
  • Навремено одговарање на прашања и барања за услуги
  • Обезбедување на техничка поддршка за вработените во компанијата низ цела Македонија
  • Поправка и замена на опрема по потреба
  • Комуникација со надворешни партнери поврзани со сервис и одржување на опремата, организација на сервис на опремата
  • Тестирање на нови технологии
  • Администрација на ИТ бекап локацијата како втор администратор

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршен електротехнички факултет, отсек информатика или друг факултет за информатички и телекомуникациски науки;
  • Пожелно е кандидатот да поседува сертификати од областа;
  • Познавање на Microsoft Server околина;
  • Тимски играч;
  • Вештини за решавање на проблеми
  • Способност за почитување на строго дефинирани рокови
  • Способност за давање приоритети и делегирање
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 15.07.2018 год. со задолжителна назнака „Апликација за Администратор за поддршка и бекап локација“ на: kariera@ob.com.mk

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:

Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange