Connect with us

Кредити

Силк Роуд Банка потпиша договор за соработка со ЕИФ и учество во InnovFin гарантната шема

Објавено

на

Со цел зајакнување на конкурентноста на компаниите во Република Макединија, Силк Роуд Банка АД Скопје потпиша договор за соработка со Европскиот Инвестиционен Фонд (ЕИФ) и учество во InnovFin гарантната шема, кој нуди ексклузивна можност за полесен пристап до финансиите за малите и средни претпријатија (компании регистрирани во Македонија со број на вработени помал од 250 и годишен обрт помал од ЕУР 50 милиони или годишна состојба на активата помала од ЕУР 43 милиони) преку InnovFin гарантната шема.

Финансирањето е поддржано од страна на InnovFin МСП гарантната шема, со финансиска поддршка на Европска Унија под покровителство на финансиските инструменти од “Horizon 2020” и Европскиот Фонд за Стратешки Инвестиции, во рамки на Инвестицискиот План за Европа.

InnovFin програмата е наменета за иновативни, мали и средни претпријатија во сите eкономски индустрии и правни форми кои ги задоволуваат условите. Програмата е насочена кон олеснување на пристапот на мали и средни претпријатија до финансии за иновативни проекти. Наменета е за развојни ориентирани компании и иновативни проекти, компании кои вложуваат во современи технологии, енергетска ефикасност и го унапредуваат своето работење. Под иновација се подразбира инвестиција која е нова за компанијата и која придонесува за модернизација на процесите, економичност и ефикасност.

Преку InnovFin програмата, Силк Роуд Банка АД Скопје овозможува континуирана поддршка на развојно ориентирани клиенти и овозможува подобрување на нивната конкурентност.

Аплицирајте во експозитурите на Банката во максимален износ на кредитот до 1.500.000,00 евра.

Кредити

ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на кредитните производи за физички лица

Објавено

на

Kако резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи, TTK Банка АД Скопје ги намали каматните стапки за 0,5 процентни поени на кредитните картички Visa Classic и на дозволеното пречекорување на трансакциска сметка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитните продукти за физички лица

Објавено

на

Kако резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи на 2,50%, НЛБ Банка ги намали каматните стапки за 0,5 процентни поени на кредитните картички, инстант кредитите и на дозволеното пречекорување на трансакциска сметка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Новогодишно изненадување – ТИГО НАГРАДУВА!

Објавено

на

Со цел да ја прославиме Новата Година како што доликува, Тиго реши да ги награди своите клиенти! Од 17ти декември до 31ви јануари имате можност да бидете дел од нашата голема наградна игра, кадешто имате можност да добиете многу вредни награди.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange