Connect with us

НБРМ

Пуштени во оптек ковани пари за колекционерски цели „Риби” и „Овен”

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Риби” и „Овен” од серијата „Хороскопски знаци” („Службен весник на Република Македонија” бр. 182/17 и 8/18).

Кованата пара „Риби” од серијата  „Хороскопски знаци” ги има следниве карактеристики:

– на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Риби. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018″. Исто така, прикажани се и натписи на македонски јазик: „Република Македонија” и „100 денари”.

– на реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на риби од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum”, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на знакот риби и соѕвездието Риби претставена на монетата преминува и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак риби. Во долниот дел се претставени две златни рипки на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – PISCES и ознаката „Ag 925″.

Кованата пара „Овен” од серијата  „Хороскопски знаци” ги има следниве карактеристики:

– на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Овен. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018″. Исто така, прикажани се и натписи на македонски јазик: „Република Македонија” и „100 денари”.

– на реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на овен од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum”, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на знакот овен и соѕвездието Овен претставена на монетата преминува и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак овен. Во долниот дел е претставена глава на златен овен на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – ARIES и ознаката Ag925.

Овие ковани пари се изработени од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Цената на кованaтa парa „Риби” и на кованата пара „Овен” изнесува 2.800,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија на следнава врска: www.nbrm.mk/Ковани пари за колекционерски цели.

НБРМ

НБРМ: Каматната стапка на благајничките записи останува непроменета на ниво од 2,5 проценти

Објавено

на

Централна Банка

На 15 јануари 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во НБРМ се одржа конференција на Твининг лајт проектот: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“

Објавено

на

Во просториите на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) се одржа почетната конференција на Твининг лајт проектот: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, финансиран од Европската Унија (ЕУ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на НБРМ и министерот за финансии на Форумот на Централна и Источна Европа на „Еуромани“

Објавено

на

Утре и задутре гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, ќе учествуваат на 24. Форум на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange