Connect with us

Банки

4 предизвици со кои се соочува банкарскиот сектор

Објавено

на

Не смееме да го негираме фактот дека технологијата и брзиот начин на живеење и менување на нештата, ќе влијаат врз сите индустрии. Кај некои индустрии е многу е поизразено, кај некои помалку, но сепак, единствениот начин бизнисот да опстои на пазарот, мора да се адаптира на промени. Огромно влијание технологијата направи и врз работењето на банкарската и финансиската индустрија.

Ние издвоивме 4 основни предизвици кои банките ги имаат денес:

  • Не правaт доволно пари. И покрај сите наслови за профитабилноста на банкарството, банките и финансиските институции сé уште не прават доволно голем поврат на инвестицијата, или враќање на капиталот, што им го бараат акционерите.
  • Потрошувачките очекувањаОвие денови се работи за искуството на клиентите, а многу банки се чувствуваат под притисок бидејќи не го испорачуваат нивото на услуга што потрошувачите ги бараат, особено во однос на технологијата.
  • Зголемување на конкуренцијата од компаниите за финансиска технологија. Финансиската технологија (FinTech) компании обично се start-up компании базирани на користење на софтвер обезбедување на финансиски услуги. Зголемената популарност на FinTech компаниите го нарушува начинот на кој традиционалното банкарство е направено. Ова создава голем предизвик за традиционалните банки бидејќи не можат брзо да се прилагодат на промените – не само во однос натехнологијата, туку и во операциите, културата и другите аспекти на индустријата.
  • Регулаторен притисок. Регулаторните барања продолжуваат да се зголемуваат, а банките треба да потрошат голем дел од својот буџет за да бидат усогласени, како и за градење на системи и процеси за да ги следат барањата.

Овие предизвици продолжуваат да ескалираат, така што традиционалните банки треба постојано да ги следат и да ги подобруваат своите операции. Доколку сакаат да опстанат на пазарот денес, тие мора да ги следат брзите промени во банкарската и финансиската индустрија.

Домашни банки

Стопанска банка АД Скопје воведува надоместоци на девизни сметки на правни лица

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје ги известува клиентите дека од 01.07.2018 година воведува надоместоци на девизни сметки на правни лица-резиденти и нерезиденти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти, наменет за сите млади таленти и потенцијали во различни области. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТОПСИ Журка по трет пат во Скопје

Објавено

на

Овој четврток, 28.06 се собираме повторно пред i-bank store на Кеј 13ти ноември и ќе се предадеме на доброто расположение обезбедено од:

  • DJ Martin
  • JUNE (ЏУН)
  • DJ Zoki Bejbe.

Бидете ТОПСИ и дојдете на ТОПСИ журка со вашите пријатели, подигнете си ваучери за пијалак од i-bank store и не пропуштајте да учествувате и во вредната лотарија:

  • 3 х i-pad 5
  • 3 x BEATS Pill звучници и
  • 3 х BEATS слушалки

Журката започнува во 20 и 30 часот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange