Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

Лидија Николовска: 3Д производот е инвестиција наменета за сите, без оглед на староста и на здравствената состојба

Објавено

на

Осигурителната компанија Winner Life која е дел од групацијата Vienna Insurance Group на македонскиот пазар нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби.

Kако дел од оваа моќна осигурителна групација, Winner Life се придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и причина сè поголем број на клиенти да ја подарат својата доверба.

Иновативниот производ 3Д кој го нуди Winner Life е производ кој досега е најсеопфатен и најфлексибилен продукт за животно осигурување и кој се грижи за здравјето на клиентите, како и за благосостојбата во повозрасните години, односно за финансиска независност и посигурна иднина. Овој производ покрај осигурувањето на сите лица, без оглед на староста и на здравствената состојба, нуди можност на Вашите деца да им обезбедите посигурна иднина и поголема поддршка кога ќе го започнуваат својот независен живот.

Лидија Николовска e дипломиран економист по професија и со повеќе од 20 години работно искуство во финансискиот сектор, од кои 15 години во продажбата. Лидија е дел од успешниот продажен тим на Winner Life повеќе од една година.

Поразговаравме со Лидија за придобивките од 3Д производот со кој на клиентите им се нуди можност за осигурување без ограничувања на возраста или здравствената состојба, што не е случај кај другите осигурителни производи.

Банкарство: Во нашата земја има голема конкуренција на пазарот за животно осигурување и многу производи кои се нудат од страна на компаниите. 3Д производот е еден од најатрактивните производи кои се понудени на пазарот бидејќи станува збор за најсеопфатен и најфлексибилен продукт за животно осигурување. Што се нуди овој производ, за кого е наменет и каква корист имаат клиентите од него?

Лидија Николовска: 3Д нуди можност за осигурување на сите лица, без оглед на староста и на здравствената состојба.
Животното осигурување е инвестиција наменета за сите, за децата и за возрасните,  за здравите лица, како и за лицата со нарушена здравствена состојба. Со вложување во животното осигурување осигуреникот штеди средства за посигурна иднина и обезбедува мир на семејството знаејќи дека, што и да се случи, тоа ќе има финансиска поддршка.

Користа која ја имаат клиентите од овој производ се:

  • Штедна и заштитна функција за клиентот и неговото семејство;
  • Една година гратис осигурување;
  • Можност за трикратно поголема осигурена сума (доколку се вклучи дополнително осигурување од смрт поради несреќен случај);
  • Можност за дополнително осигурување од незгода;
  • Можност за дополнително осигурување во случај на операции;
  • Дневен надомест за болнички денови;
  • Можност за дополнително осигурување од тешки болести;
  • Полисата може да се винкулира во корист на банката;
  • Вредноста на инвестицијата е заштитена со валутна клаузула;
  • Осигурувањето важи 24/7 на секаде во светот.

Банкарство: Колкава е минималната месечна премија за овој производ?

Лидија Николовска: Минималната месечна премија изнесува 1.200 денари.

Банкарство: По што се разликува 3Д производот од останатите производи за животно осигурување кои ги
нуди Винер Лајф, но и останатите осигурителни компании?

Лидија Николовска: Осигуреник може да биде и лице со нарушена здравствена состојба или намалена работна способност како последица од тешки болести или телесни недостатоци. Осигуреник исто така може да биде и лице под 14 години.
Она што овој производ го издвојува од сите останати производи на пазарот е тоа што клиентот има една година бесплатно осигурување на живот.

Банкарство: Кога би го понудиле 3Д наспроти класичното животно осигурување кај лица без нарушена
здравствена состојба?

Лидија Николовска: Класичното животно осигурување има поголем опсег на траење за разлика од 3Д производот.
Доколку клиентот не е подготвен во моментот да инвестира подолго од 3 години или сака да инвестира подолго од 25 години, тогаш вистинскиот производ е класичното животно осигурување.
Во сите останати ситуации подобра инвестиција е 3Д производот.
Дополнително, доколку клиентот сака повеќе дополнителни осигурувања тогаш дефинитивно треба да го одбере 3Д. Овој прозвод ги има сите 4 дополнителни осигурувања и тоа:

  • Дополнително осигурување од несреќен случај;
  • Дополнително осигурување од тешко болни состојби;
  • Дополнително осигурување од операции;
  • Дополнително осигирување од траен инвалидитет.

Банкарство: Со оглед дека живееме во многу динамично општество, на секоја успешна компанија секојдневието и наложува да ги следи иновациите во светот и производите да ги прилагодува согласно потребите на клиентите. Што можеме да очекуваме од Винер Лајф во иднина, какви новитети планирате да им понудите на клиентите во периодот што претстои?

Лидија Николовска: Винер Лајф континуирано ги ускладува производите и условите согласно потребите на клиентите.
Секако се подготвуваат нови производи како и измена на посточеките и за тоа ќе бидете навремено информирани.

Интервјуа

Ангеловска: Долго време се запоставувал нашиот највреден капитал-луѓето, тоа го менуваме со буџетот за 2020

Објавено

на

Предлог буџетот за 2020 година, кој Владата го усвои неделава е тема на разговорот со министерката за финансии Нина Ангеловска. Таа во интервјуто за МИА посочува на инвестициите во човечкиот капитал кои имаат централно место во Предлог-буџетот за 2020 година. Наведувајќи податоци за индексот на човечкиот капитал во земјава во однос на развиените земји и земјите од регионот вели дека порано долго време се запоставувал нашиот највреден капитал-луѓето. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју АЛЕКСАНДАР ИЉОВ: Користете ја апликацијата HalkEco и придонесете за ново засадено дрво и намалена емисија на CO2

Објавено

на

Халкбанк како ЕКО ориентирана компанија која низ годините на своето постоење применува бројни ЕКО политики. Во последните 8 години Банката има финансирано повеќе од 6.000 вакви проекти во износ од 36,6 милиони евра. Досега, намалената емисија на јаглероден диоксид е за 37 илјади тони годишно, а со истите проекти се заштедени 130.000 MW/h електрична енергија. Последен ЕКО проект кој неодамна беше промовиран е мобилната апликација HalkEko којашто претставува  иновативно решение со кое, доколку се користи, значително може да придонесе за зачувување на животната средина. Со апликацијата се стимулирани пешачењето, трчањето, возењето велосипед или тротинет, особено во периоди од денот кога има најголем сообраќај. За секои поминати 80 километри, Халкбанк презема обврска да засади едно дрво. Првата акција за садење на 152 дрвја веќе беше организирана, а така ќе продолжи и во иднина. За апликацијата, нејзините цели и ефекти зборуваме со Александар Иљов, директор на секторот за маркетинг во Халкбанк.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со членовите на Управниот одбор на Винер Лајф: Пазарот на животно осигурување продолжува со трендот на двоцифрен раст

Објавено

на

Денес, 1ви ноември се одбележува Денот на осигурувањето како долгогодишна традиција која е исполнета со бројни активности за зголемување на свесноста за важноста на осигурувањето. Овој ден треба да ги извади на површина сите најнови и најатрактивни продукти на осигурителните компании, со цел клиентите да бидат подобро информирани и запознаени како да ги задоволат своите потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange