Connect with us

НБРМ

29. сесија на клубот на истражувачи во НБРМ

Објавено

на

Ве известуваме дека на 29. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 13 јуни 2018 година (среда) во просториите на Народната банка на Република Македонија, со почеток во 14 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови:

  • „Економски раст во услови на оптимално управување со јавниот долг во Македонија“, автор Кирил Симеоновски и
  • „Влијанието на услужниот сектор врз нивото на сложеност на економијата: усовршувањето на услугите како пат за економски раст“, автори Виктор Стојкоски, Зоран Утковски и Љупчо Коцарев.

Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите, можат да го најават своето присуство најдоцна до 12 јуни 2018 година (вторник) на е-адресата: info@nbrm.mk.

Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.

НБРМ

НБРМ повторно ја намали основната каматна стапка – сега изнесува 2,50%

Објавено

на

Централна Банка

На 11 декември 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ: Издадени и пуштени во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Објавено

на

Централна Банка

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 128/18 и 170/18). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ и ЕЦБ склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Европската централна банка (ЕЦБ) склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата. Согласно со неговите одредби, соработката меѓу двете институции ќе биде насочена кон обезбедување ефективна размена на супервизорски информации, имајќи ја предвид домашната и меѓународната регулатива, вклучително и Основните принципи за ефикасна банкарска супервизија донесени од Базелскиот комитет. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange