Connect with us

Колумни

24 правила за успешен живот од инвестициски банкар од Волстрит

Објавено

на

Неодамна почина легендарниот инвестициски банкар од Волстрит, Ричард Џенрет. Тој препорачува секогаш да имате план Б, наследник, резерви и сите пари да не ви стојат на едно место.

Ричард работел повеќе од 40 години на Волстрит, a почина од рак на 89-годишна возраст.

Пред тоа Ричард оставил рачно напишано писмо со 24 правила кои луѓето треба да ги почитуваат ако сакаат да постигнат успех во животот.

Писмото било со наслов „What I learned“ , неговите правила за успех кои што биле напишани гласат вака:

– Останете во играта. Често тоа е сè што треба да направите – да не се откажувате. Бидете истрајни! Не бидете човек што се откажува!

– Не ги палете мостовите зад вас.

– Запомнете – во животот нема поголем благослов од добриот пријател.

– Не ги оставајте старите пријатели зад вас – можеби ќе ви притребаат.

– Обидете се да бидете фини и кажувајте „благодарам“ често.

– Бидете информирани, односно учете постојано!

– Одржувајте пријателства со луѓе на секоја возраст – особено со помлади.

– Бидете горди.

– Планирајте однапред.

– Претворајте ги проблемите во можности.

– Наградувајте се.

– Користете добра граматика.

– Не пцујте премногу.

– Бидете отворени за промени.

– Забавувајте се, но не постојано.

– Секогаш имајте план Б, наследник и резерви. Не ги ставајте сите пари на едно место.

– Научете странски јазик.

– Патувајте многу низ светот.

– Не критикувајте некој пред другите.

– Не заборавајте да ја цените добро сработената работа (но не и лошо сработената).

– Не бидете губитник.

– Помага ако имате некој што ве сака (не само за секс).

– Одржувајте ги вашите стандарди високи.

– Гледајте ја големата слика, но не ги заборавајте малите детали.

Повеќе

Колумни

НОВА Е КОЛЕШКАТА!?

Објавено

на

Се почесто банките се соочуваат со фактот дека поради одредени причини искусните вработени си заминуваат, односно успеваат да најдат подобра работа. Можеби станува збор за работа каде можат да ја искажат својата креативност, можеби е подобро платена, можеби има помалку притисоци, итн… (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Учењето и здравјето

Објавено

на

Концептот на доживотно учење значи учење во сите периоди од животот (од млади до постари години), во неформален и формален облик. Со концептот на доживотно учење најчесто се поврзуваат економските цели, на пример, постигнување поголема конкурентност или зголемување на можноста за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

РОБИН ШАРМА: Секојдневните навики не носат кон големите достигнувања!

Објавено

на

Дали знаете дека големите достигнувања се помалку се должат на вашата генетика и среќа, а се повеќе на вашите ритуали и секојдневни активности? Професионалците не се повеќе надарени од вас – тие само имаат подобра организација на своите дневни навики.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange