Connect with us

Странски банки

2021 година ќе биде рекордна во однос на профитите за американсите банки!?

Објавено

на

Најголемите банки на „WallStreet” наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од кредитите.

Резултатите за четвртиот квартал од минатата година најпрвин ќе ги објават „Citigroup” и „JPMorgan Chase” на 14 јануари. „Morgan Stanley” и „Bank of America” треба да ги објават своите извештаи на 19 јануари, а „Goldman Sachs” на 25 јануари.

За сите банки освен „Citigroup”, аналитичарите очекуваат да пријават највисока добивка досега, што значи раст меѓу 20 и 50 проценти. Ова се наведува во проценките на аналитичарите на „Bloomberg”. Американските инвестициски банки профитираа минатата година од високите провизии заработени при спојувања и преземања.

Досега банките главно ги користеа своите профити за инвестирање во технологија, плаќање бонуси и откуп на сопствени акции. Акциите на американските банки се зголемија за 31 отсто во 2021 година, проценуваат аналитичарите на „Deutsche bank”. Најмногу порасна вредноста на акциите на „Goldman Sachs”, за 47 проценти.

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото

Објавено

на

Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Русија воведува дигитална рубља

Објавено

на

Централната банка на Русија во јануари ќе започне пилот-проект за трансакции со дигитална рубља, изјави Олга Скоробогатова, првиот заменик-гувернер на Централната банка на Русија.

„Прототипот на платформата за дигитална рубља е подготвен. Веднаш по празниците, во јануари, ќе започнеме со пилот проектот од првата фаза со 12 банки“, изјави Скоробогатова.

Во првата фаза ќе бидат вклучени кредитните организации и имплементираните операции C2C („Content to consumer“), пренесува „Танјуг”.

Втората фаза на тестирање вклучува поврзување на Федералното Министерство за финансии и спроведување на функционалноста на „паметните“ договори, како и трансакции на потрошувачите со бизнисот (C2B), бизнисот со бизнисот (B2B), бизнисот со државата (B2G).

Централната банка на Русија потоа има намера да вклучи финансиски посредници, финансиска инфраструктура (берзи, брокери, осигурителни компании и други), како и да спроведе онлајн режим и да обезбеди размена на дигитални рубљи за странска валута.

Претходно беше објавено дека, во согласност со проектот за основна дигитализација на финансискиот пазар на Русија за периодот 2022-2024 година развојот на платформата за дигитална рубља ќе биде постепен, со проширување на кругот на учесници и видови на операции, соопшти Централната банка на Русија.

Продолжи со читање

Популарно