Connect with us

Странски банки

2020 година за сите банки беше крајно непогодна, но не и за Дојче Банка – Банката за прв пат по 2014 година оствари нето добивка

Објавено

на

Во 2020 година, „Deutsche Bank” се врати на патот на профитaбилноста за прв пат од 2014 година, благодарение на силниот оддел за инвестициско банкарство, објави германскиот банкарски гигант во својот редовен годишен финансиски извештај.

Нето добивката на банката која се припишува на акционерите е 113 милиони евра (135,69 милиони долари), во споредба со загубата од 5,7 милијарди евра забележана во 2019 година, пренесува „Reuters“.

Аналитичарите предвидоа дека банката ќе забележи загуба од околу 300 милиони евра во 2020 година, но Банката ги демантираше нивните предвидувања со значително подобрување на финансискиот резултат.

Враќање на патот на профитaбилноста е успех на извршниот директор Кристијан Севинг, кој дојде на чело на банката во 2018 година со цел да направи пресврт во бизнисот на најголемиот германскикредитор, после неколку години загуби и плаќање високи казни за перење пари и улога во хипотекарната криза.

„Поставивме солидна основа за одржлива профитабилност, уверени сме дека овој позитивен тренд ќе продолжи и во 2021 година, и покрај временските предизвици“, изјави Севинг.

„Deutsche Bank”, како и нејзините конкуренти, забележа силен раст на тргувањето со акциите на берзата поради нестабилноста на пазарот поврзана со пандемијата. Овој сегмент најмногу влијаеше за позитивниот финансиски резултат на оваа инвестициска банка минатата година.

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото

Објавено

на

Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

2021 година ќе биде рекордна во однос на профитите за американсите банки!?

Објавено

на

Најголемите банки на „WallStreet” наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од кредитите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно