Компании
200 НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Мајорел – Глобален водечки контакт центар доаѓа во Скопје


Majorel, водечки глобален провајдер на сеопфатни решенија за корисничкa поддршка, отвoра прва канцеларија во Скопје, дополнително проширувајќи го својот глобален географски печат. Новата компанија ќе отвори стотици нови работни места во регионот, потпирајќи се на висококвалификуваната работна сила во земјава, која зборува повеќе јазици, како и на образованите млади генерации во земјава.
За таа цел Томас Мекенброк, извршен директор на Majorel изјави: „Со нетрпение очекуваме да го зголемиме присуството на Majorel во Северна Македонија во текот на следните години. Гледаме голем потенцијал во овој регион, кој отсекогаш бил дел од нашите амбициозни планови за понатамошно проширување. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им посакам добредојде на сите нови членови на Мајорел семејството во тимот во Скопје и да им посакам успех додека заедно се впуштаме во оваа нова возбудлива авантура“.
Повеќејазичниот контакт центар на компанијата е лоциран во срцето на Скопје, со одлични транспортни линкови, во модерен четирикатен канцелариски комплекс. Новата канцеларија на Мајорел има капацитет да прими 350+ вработени.
Тимот во Скопје ќе обезбедува услуги за корисничка поддршка на клиенти преку чет, телефон и електронска пошта за еден од нивните клиенти, глобален бренд од туристичката индустрија. Комуникациските и јазичните вештини се главните квалификации што компанијата ги бара кај кандидатите и нуди дополнителни обуки за развој на своите вработени.Сите работни позиции се на веб-страницата на компанијата.
„Еден од клучните фактори во одлуката на Мајорел да влезе во Скопје, е квалификуваната работна сила со силни јазични вештини, особено со познавање на германски, англиски, италијански и турски јазик. Мајорел има за цел да постави нови стандарди на локалниот пазар на труд, обезбедувајќи извонредни пакети за вработување и работна средина која промовира безбедност, благосостојба, раст и можности за професионален развој на вработените” – изјави Џос Доренбуш, Менаџер за глобална експанзија во Majorel.
ЗА МАЈОРЕЛ
Ние дизајнираме, градиме, и испорачуваме целосна корисничка поддршка за дел од најценетите компании во светот, родени од дигиталната ера и вертикално-брендирани. Нашиот сеопфатен глобален печат во 34 земји на пет континенти, со повеќе од 66.800 членови на тимот и 60 јазици, докажува дека можеме да испорачаме флексибилни решенија кои ја користат нашата уникатна експертиза во културолошка повеќеслојност, што е од суштинско значење за вистински извонредно корисничко искуство.
Имаме длабока експертиза во доменот на корисничка поддршка од Front до Back Office. Покрај тоа нудиме, Digital Consumer Engagement, CX консалтинг и иновативен пакет на сопствени дигитални решенија за разни индустрии. Ние сме глобален лидер во содржински сервиси, доверба и сигурност. Ние веруваме дека токму заради целата оваа разновиднот Мајорел може да направи огромна разлика во оваа индустрија.
Главното седиште на Мајорел е во Грузија.
Компании
Во тешки околности, раст на приходите и добивката на Групацијата Триглав


Во тешките околности од првиот квартал од 2022 година, Групацијата Триглав ги зголеми вкупните приходи за 12% (442,9 милиони евра) и го зголеми обемот на бруто полисираната осигурителна премија (407,1 милиони евра) за 10% во споредба со истиот период минатата година. (more…)
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности


Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)
Компании
Ванчо Чифлиганец и Адора ќе добијат енормни 3,1 милиони евра дивиденда од Комерцијална банка!


Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје