Останато
20 години Централeн депозитар за хартии од вредност: Министерството за финансии и Комисијата за хартии од вредност добија почесни плакети


По повод 20 години од основањето на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, институцијата во услови на пандемија, започна со активности за одбележување на овој значаен јубилеј.
Имајќи ја во предвид важноста на меѓу-институционалната соработка која Депозитарот во изминатите години ја остварува со Министерството за финансии на Р.С Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Р.С Македонија, извршната директорка Даринка Дамјановиќ додели плакети на Министерот за финансии, г. Фатмир Бесими и претседателката на Комисијата за хартии од вредност на Р. С. Македонија, г-ѓа Нора Алити.
Министерството за финансии имаше значајна улога во основањето на Депозитарот, како координатор на целокупниот процес на востановување на тогаш сосема новата институција на пазарот на капитал. Во наредниот период Министерството ја има улогата на издавач на државни хартии од вредност, при што во системот на Депозитарот досега биле регистрирани, водени и сервисирани 671 државен запис во вкупна издадена вредност од 668.349.570.000 денари, 299 државни обврзници во вкупна издадена вредност од 168.204.810 денари, 20 обврзници за денационализација во вкупна издадена вредност од 385.100.000 евра, обврзници за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови како и останати структурни обврзници. Министерството и Депозитарот имаат тесна соработка за изготвување на легислатива од областа на пазарите на капитал, изработка на стратегии, односно двете институции заеднички придонесуваат во одржувањето и развојот на стабилен и модерен пазар на капитал.
Од друга страна, Комисијата за хартии од вредност на Р.С. Македонија е регулатор на работењето на Депозитарот. Двете институции бележат долгогодишна соработка преку заедничко учество на многу проекти и настани со што двете институции исто така придонесуваат во одржувањето и развојот на стабилен и модерен пазар на капитал. Стабилноста на Депозитарот како една од инфраструктурните институции на пазарот на капитал останува врвен заеднички приоритет на двете институции. Соработката на Депозитарот и Комисијата продолжува, во интерес на пресретнување и надминување на сите предизвици кои се карактеристични за индустријата со хартии од вредност и преземање на мерки со цел ефикасно остварување на правата на сите учесници на пазарот на капитал, односно инвеститори, издавачи, инвестициски друштва и други засегнати страни.
Овој месец, 20 годишниот јубилеј на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје ќе биде одбележан и со други активности насочени кон потенцирање на улогата на поединци и институции кои придонесоа во нејзиното основање, раст и развој.
Останато
СЕФФ: Вложување во човечки капитал и дигитализација за поголем економски потенцијал


Преку подобрувањето на структурата на економијата, односно зголемената конкурентност, иновативноста, адекватноста на пазарот на труд, ќе се придонесе кон подобрувањето на економскиот потенцијал и отпорноста на економијата. Оттаму спроведувањето на структурните реформи, не треба да запре за сметка на справувањето со кризата, туку да се одвива напоредно, со цел на среден рок да се креира економија која ќе даде подобри перформанси. (more…)
Останато
СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст


Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)
Останато
Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања


Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје