Connect with us

Останато

18 000 нови милионери во Турција

Објавено

на

Бројот на турски милионери се зголемил во последните пет месеци од 138.980 на 156.866 со падот на лирата, покажуваат податоците на Агенцијата за банкарска контрола и регулација. Околу 18 илјади Турци станале милионери, откако вредноста на турската национална валута, лирата, достигна рекордно ниско ниво, информира „Хуриет дејли њуз”.

Турските милионери во земјата и во странство имаат вкупно 1,37 трилиони турски лири. Од нив 141.753 живеат во Турција, а 15.133 во странство. Просечно на секој од турските милионери му припаѓаат по над шест милиони лири.

Годишната инфлација во Турција се зголеми над 15 проценти во минатиот месец, првпат по околу 15 години, напомнува весникот. Турската лира, истовремено, загуби речиси 20 отсто од својата вредност во однос на доларот оваа година.

Останато

САД им се заканува на државите кои инвестирале во Русија

Објавено

на

Вашингтон го повтори предупредувањето дека може да воведе санкции за западноевропски компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен тек 2“ кон Германија.

Според американската Влада, Москва го користи проектот за да предизвика раскол во Европа.

– Бевме јасни дека постои ризик од воведување санкции за компаниите кои работат во секторот на рускиот енергетски извоз, изјави претставник на американскиот Стејт департмент.

Тој додаде дека Вашингтон смета оти „гасоводот ќе ја поткопа целата енергетска безбедност и стабилност на Европа, давајќи и на Русија уште еден инструмент за вршење политички притисок врз европските земји, особено врз Украина“.

– Русија сфаќа дека овој проект ја дели Европа и го користи за да добие предност, истакна тој.

Пет западноевропски компании инвестирале во „Северен тек 2“ – германските Унипер (Uniper) и Винтерсхал (Wintershall), австриската О Ем Ви (OMV), француската Анжи (Engie) и англо-холандската Шел (Shell).

Продолжи со читање

Останато

84 поиновативни држави од Македонија

Објавено

на

Според “Global Innovation Index 2018„ оваа година Македонија е на 84 место и доживува пад од 23 места.

Од регионот Србија е на 55-тото место, Црна Гора на 52-то место, Хрватска на 41-во, Бугарија на 37-мо и Албанија на 83-тото место. Односно, според нив, сите држави во регионот се поиновативни од Македонија.

На прво место е Швајцарија, по што следуваат Холандија, Шведска, Велика Британија и Сингапур.

За првпат Кина се најде меѓу 20-те наиновативни економии. Од четвртото место минатата година, САД паднаа на шесто, додека Кина напредуваше од 22-та до 17-та позиција.

Индексот на иновации се издава на годишно ниво од страна на WIPO, Универзитетот Корнел и бизбнис школоата INSEAD.

Продолжи со читање

Останато

Зголемување на минималната плата!

Објавено

на

Работодавачите ќе ја зголемат минималната плата со цел да ги задржат своите работници!? (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange