Анализи
130 милиони евра профит на фирмите кои котираат на берза


Профитот на 72 друштва чии акции котираат на берзата пораснал за 60% во споредба со лани и достигнал 130 милиони евра. Најдобрите три се банки и тие заедно имаат 55% од профитот на сите 72 компании.
Од јавно достапните податоци е многу важно да се истакне дека нето добивката на котираните компании годинава е за 49 милиони евра повисока од истиот период лани. За првата половина во 2017 година 72 компании оствариле добивка од 80,84 милиони евра, а годинава таа е за 60% повисока од лани.
Трите најголеми деловни банки: „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка се убедливо најуспешните домашни компании во првата половина од годинава. Тие три банки задно имаат добивка од 71,6 милиони евра што е повеќе од половина од нето добивката на сите 72 друштва или поточно 55,14% од целиот остварен профит на котирани компании во првата половина од годинава.
Анализи
„Finance Think”: Сивата економија во 2020 година намалена во однос на 2006 година


Сивата економија во 2020 година е намалена во однос на 2006 година, а најголемите намалувања се случиле за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата во 2012 година, покажува најновото истражување направено од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think”. (more…)
Анализи
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?


Македонскиот приватен сектор полека, но сигурно се опорави од пандемијата на Covid-19 вирусот, а доказ за тоа е зголемената профитабилност на компаниите за претходната 2021 година. Македонските компании ја зголемиле добивката за 22,64 проценти во однос на истиот период од претходната година. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Паѓаат каматите за депозитите и за кредитите – зголемена внимателност од нови задолжувања!


Банкарската 2022 година започна со пад на каматите и за депозитите и за кредитите. Каматите за штедење остануват под 1%. Во првите два месеци од оваа година на месечно ниво депозитите се намалиле додека кај кредитирањето има раст од 0,9% во февруари, пишува „Порталб”. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се задолжуваат со зголемена внимателност – потврда и од банкарите дека во првиот квартал од годинава очекуваат намалување на побарувачката за кредити од страна на фирмите. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје