Connect with us

Електронско банкарство

100 милиони евра во онлајн трансакции во првите три квартали од годинава

Објавено

на

Во трите квартала од 2018 година направени се трансакции во вредност од 100 милиони евра со платежни картички за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година. Трансакциите по број забележуваат уште поголем тренд на пораст во првите три квартали од 39%.

Од направените онлајн купувања најголем дел (63%) биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра наспроти 31,15 милиони евра остварени кон домашните е-трговци (33%). 3,8 милиони евра или 4% од вредноста на трансакциите остварени кон домашни е-трговци е направена од иматели на странски платежни картички. Направените онлајн купувања од имателите на македонски платежни картички кон домашните е-трговци забележува пораст од 51% во однос на истиот период минатата година, додека странците во Македонија потрошиле за 82% повеќе оналјн кај домашните е-трговци. Сепак треба да имеме и предвид дека во податоците од НБРМ за онлајн остварени трансацкии се бројуваат и трансакциите за плаќања на сметки за вода, струја, телефон кои се реализирани онлајн со платежни картички.

Правецот на онлајн купувања кон домашните продавачи се менува во позитивен правец за македонските е-продавници. Македонските граѓани трошат просечно на една онлајн трансакција 19.7 евра кога купуваат дома, додека 31,5 евра кога купуваат од странски е-трговци. Можеби зголемената онлајн понуда од домашните е-трговци ќе придонесе кон поголема заинтересираност за онлајн купување од домашните трговци.

Зголемената и подобра понуда од е-трговците, подобрено искуство и поголеми можности за купувачите се клучни за зголемување на интересот на граѓаните за онлајн купување. Големите компании исто така треба да го стават во фокус овој канал за продажба првенствено заради придобивките кои ги овозможува е-трговијата, а со тоа и значајно ќе влијаат и придонеснуваат кон раст на е-пазарот. Во главно она што ни фали е едукација и доверба, а таа ја градат најмногу домашните компании со нивните понуди, процеси, поддршка за купувачите и целокупно добро искуство кое ќе ги пресретне и надмине очекувањата на купувачите.” – вели Д-р Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Електронско банкарство

Српските граѓани сметките ќе ги плаќаат со систем за препознавање на лица

Објавено

на

Граѓаните на Србија од март годинава ќе можат да ги плаќаат сметките преку системот за “препознавање на лица” (face recognition), најави гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

ЦКБ воведе можност за девизни плаќања преку електронското банкарство

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје воведе можност за девизни плаќања преку електронското банкарство, што е уште една современа дигитална услуга, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија прослави една година од постоењето

Објавено

на

Изминатава недела Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) во присуство на своите членови, соработници и партнери во духот на предновогодишното расположение, ја одбележа годишнината од нејзиното формирање. Во текот на годината асоцијацијата активно работеше на нејзино спознавање од засегнатите страни и нивно зачленување, со цел здружено делување кон подобрување и раст на е-трговијата.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange