Connect with us

Останато

100 години од раѓањето на Борис Чипан

Објавено

на

Архитектот Борис Чипан е роден во Охрид во 1918 година. Средното образование, со стипендија добиена од генералот во Охрид, го завршува во Белград. Иако сакал да запише воена академија, Чипан бил одбиен и се запишува на Техничкиот факултет во Белград.

Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. На полето на конзервацијата позначајни реализации му се: црквите „Св. Софија“ во Охрид, „Св. Наум“, „Св. Пантелејмон“ во Нерези и др. Од областа на архитектонското проектирање позначајни објекти се: судските згради во Штип, Велес и Битола (1956); Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во Скопје (1976); Фабриката за фротир во Делчево (1959); поголем број на индивидуални семејни куќи во Охрид. Се занимава со научноистражувачка работа. Чипан е вториот носител на наградата „Андреја Дамјанов“ која ја добил во 1990 година. Починал во Скопје на 31 март 2012 година.

Борис Чипан беше редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„.

По повод 100 години од неговото раѓање, архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, општина Охрид, Музејот на Град Скопје и Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе го одбележат јубилејот „Сто години од раѓањето на архитектот Борис Чипан“.

Во куќата на Уранија во Охрид ќе се обратат градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски, академик Газанфер Бајрам од МАНУ и деканот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Огнен Марина.

Вечерта ќе биде отворена изложбата „Сто години Борис Чипан“, на која ќе се обрати и директорката на Музејот на Град Скопје Фросина Зафировска.

Останато

Нов повик од ФИТР за старт-ап и спин-оф компании

Објавено

на

Заинтересираните од денеска, па во наредните 50 дена ќе можат да аплицираат во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за добивање средства од првиот јавен повик за старт-ап и спин-оф компании во вкупен износ од еден милион евра што се реализира во соработка со Светска банка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 24 210 денари

Објавено

на

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2018, изнесува 24 210 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.7. 
(more…)

Продолжи со читање

Останато

Во среда стартуваат најголемите бизнис саеми: Градежништво и Технома 2018

Објавено

на

Во рамките на саемската трилогија која се случува есенва на нова локација, комплекс ВИП Арена Борис Трајковски се случуваат и двата најголеми бизнис саеми, 15. издание на Саем на Градежништво заедно со осмиот по ред RealExpo (саем на недвижности), како и 44. издание на Технома, саемот кој ги собира движечките компании од областа на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange