Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

10 работи кои ги научи Нина Ангеловска од Групер продавајќи 1 милион купони

Објавено

на

Приказната на Grouper започна во Јануари 2011 година. Пасијата да ја променат е-трговијата и навиките за онлајн купување беа нивната главна водилка. Првиот македонски сајт за групни попусти понуди атрактивни попусти и непобедливи зделки кои до тогаш не беа понудени на нашиот пазар – тоа беше главниот поттик за илјадници Македонци да се впуштат во онлајн купување и голем дел од нив да ја направат својата прва онлајн трансакција на Grouper! 

Денес, многу работи се променети од тогаш. Навиките се променети, технологиите и трендовите постојано се менуваат, онлајн купувањето заживеа (од 7% во 2011 до 32% во 2018). Тимот на Grouper стана многу повеќе од платформа за попусти. Grouper стана водич и место кое над 200.000 групери го посетуваат кога сакаат да прават и купат било што.

После скоро 8 ипол години напорна работа, стотици надминати предизвици, илјадници одговорени маилови и повици, тон научени лекции Grouper стигна до милионот. GROUPER ДОСТИГНА 1.000.000 ПРОДАДЕНИ КУПОНИ.

Нина Ангеловска на Facebook објави Топ 10 работи кои ги научила на патот од 0 до 1 милион продажби:

1. Пасијата за работата и промени е број 1 драјверот. И така мислам дека треба да биде.
2. Најдобрата маркетинг стратегија е “ГРИЖАТА”. Грижа за купувачите, клиентите и пред се грижа за луѓето.
3. Пред неколку години мислев дека најголемиот предизвик се техничките работи, едукацијата, легислативи… ама не е така. Предизвик број 1 за речиси сите македонски компании е наоѓањето стручен и квалитетен кадар. Се потешко и потешко станува да се најдат луѓе со волја и желба за работа и знаење.
4. Не е производот, брендот или технологијата тоа што ја прави една компанија одлична туку тоа се луѓето. Grouper е тоа што е заради придонесот на секој еден од член од тимот. СЕ зависи од луѓето!
5. Бизнис моделот на онлајн посредништво е можеби еден од најзахтевните. Пред 9 години на 21 година кога почнувавме не сум знаела во што се впуштаме.
6. Да треба да се вратам 10 години назад пак истиот пат би го одбрала и би се впуштила во истото.
7. Поради внатрешните верувања и визијата дека ќе го менуваме пазарот до ден денес Grouper не воведе плаќање на врата (Cash on Delivery). Ова значи краткорочно “жртвување” на продажби и профит–дали на долг рок “се исплатело” или значело само “останување истраен во намерата и визијата” или што би рекол Симон Синек Because of the WHY, ќе ви кажам на вториот милион.
8. Кога работиш напорно со многу љубов и посветеност тоа ќе биде препознаено и наградено. Убавината на целата Grouper приказна и мојата заедно со неа се должи токму на тоа што се се случуваше многу природно и organic.
9. Проблемите се секојдневие и нема бегање каде и да одиме. Поентата е да се “танцува” со нив и да уживаме во целиот процес на решавање. Секој решен проблем е нова доза на допамин.
10. Стремежот за перфекција е меч со две острици. Од една страна те носи секогаш чекор понапред од друга страна те “троши” и тебе и тие околу тебе.

 

Таа додава, дека Милионитиот купон на Grouper го купи Паулина, Grouper купувач од 2013 година, а го продаде SushiCo Macedonia во кампањата #СкопјеГурман.

Лични финансии

БИЗНИС БАР: Како да одржите здрав животен стил како претприемач

Објавено

на

Да се биде претприемач доаѓа со многу бенефиции, но исто така за успехот може да платите со Вашето здравје. Пренатрупаниот  распоред на еден претприемач обично не дозволува одмор, што може да има негативно влијание врз здравјето. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

БИЗНИС БАР: Важноста да се има удобен канцелариски стол

Објавено

на

Поголемиот дел од нашето време го минуваме во работни простории, но дали истите се прилагодени да влијаат позитивно на нашето здравје и продуктивно на нашата работа. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

М-р Ивана Хаџиванова: Комфор зоната не уништува!

Објавено

на

М-р Ивана Хаџиванова, Психолог, Психотерапевт на својот Фејсбук профил објави неколку моќни реченици кои во целост ја дефинираат опасноста на комфор зоната. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange