Connect with us

Колумни

10 кредитни заповеди

Објавено

на

Ако имате намера во иднина да купувате куќа, стан, автомобил или нешто слично, мода да преземете одредени мерки за да бидете подготвени кога ќе дојде време за тоа. Еве ги десетте кредитни заповеди на кои упатува сајтот Каматица.

1. Плаќајте ги сметките на време
Не е случајно што токму ова е првата заповед. Еден од најголемите фактори кои влијаат на вашиот кедитен ранг е токму вашето кредитно минато. Задоцнетите отплати можат да направат голем проблем. За да се потрудите вашиот кредитен ранг да биде по ваша желба, плаќајте ги сметките на
време. Олеснете си го тоа со автоматско паќање на сметките.

2.Чувајте ги личните податоци
Преземете мерки за да си го заштитите идентитетот. Бидете скржави со вашите лични податоци за да не станете жртва на измама. Не можете целосно да спречите кражба на идентитетот, но можете да преземете одредени чекори за да ја намалите таа веројатност. Тоа значи дека треба да ги следите својата кредитна картичка и сметките во банка многу внимателно.

3. Бидете информирани
Знајте каде сте. Погрижете се да бидете упатени во својот кредитен ранг за да не бидете непријатно изненадени кога ќе сакате да купите куќа, да изнајмите стан или да купите автомобил. Исто така, би требало да ги имате копиите на вашиот кредитен извештај. Ако најдете грешки, оспорете ги.

4. Бидете проактивни
Не чекајте оние на кои им должите да почнат да го наплатуваат долгот. Ако не можете да ги издвоите ниту минималните рати за отплата на кредитот, повикајте ги своите кредитори или кредитен советник. Нека дознаат дека имате проблем, но дека сте сериозни во врска со плаќањето на хипотеката, заемот и слично. Исто така. можете да направите план на отплата кој ќе се вклопи во вашата моментална состојба и да избегнете дополнителна наплата или извршители.

5. Откажување на старите кредитни картички
Вашиот кредитен ранг е делумно заснован на вашето кредитно минато. Затоа, пред да ги откажете старите кредитни картички, размислете што ќе му направи тоа на вашиот кредитен ранг. Тоа не значи дека никогаш не би требало да откажете кредитна картичка, но би требало да бидете свесни за
влијанието што тоа би го имало.

6. Купувајте внимателно на кредит
Можеби не сакате премногу големи промени одеднаш. Кога сакате да купувате по најповолна цена кога позајмувате, ќе треба да бидете свесни дека премногу побарувања од вашиот кредит може да го оштетат вашиот кредитен ранг. Потрудете се да разберете како функционира тоа, пред да се
впуштите во кредитна лумперајка.

7. Користете ги кредитните картички одговорно
Пластиката може да биде примамлива за купување повеќе работи отколку што можете да си дозволите. Но, обидете се да размислувате за купување со кредитна картичка на ист начин како што размислувате за купувањето со готовина. Не би требало да потрошите повеќе од тоа што имате. Ваша цел нека биде избалансираност на кредитот во целина секој месец.

8. Плаќајте повеќе од минимумот
Вашиот кредитен извештај ќе ви покаже колку должите вкупно на картичката, а колку тој месец. Но, немојте да бидете водени од месечниот долг и да го плаќате само минимумот, зашто ќе платите повисока камата. Избегнувајте ги минималните отплати, освен ако навистина немате кеш или ако го користите таканаречениот метод на лавина за исплата на долгот, а тоа е минимални отплати на сите картички, освен на онаа која се обидувате да ја отплатите во тој момент.

9. Контролирајте ги финансиите
Преземете мерки за да ги следите своите трошоци, да направите буџет и да живеете во склад со своите можности. Имајте финансиска цел, како на кратки, така и на долги патеки, на чие остварување ќе работите.

10. Проверувајте го нивото на задолженост
Сакате да бидете сигурни да не ја минувате крајната висина на кредитот, а најдобро е да не користите повеќе од 30 отсто од дозволениот кредит. Ако секогаш сте на граница да го преминете кредитниот лимит, вашиот кредитен рејтинг ќе биде оштетен и ќе влезете во групата на високо ризични. Исто така, имајте го на ум соодносот на долгот и приходите. Не сакате да претерате. Како додаток на стресот поради парите кои може да ги снема, можат да ви одбијат нови позајмици или пониска камата.

Колумни

Што се даночни раеви и како големите корпорации ги користат?

Објавено

на

Даночните приходи ја одржуваат цивилизацијата во живот. Но, не сите даночни обврзници играат според истиот пакет на правила. Со помош на адвокати, сметководители и разни професионалци, богатите и добро поврзани лица избегнуваат да плаќаат трилиони долари данок. Останатите ја покриваме разликата – вложувајќи ги нашите пари за изградба на патишта, училишта итн. Даночните раеви го овозможуваат сето тоа. Според некои проценки, околу 10 проценти од вкупното производство на сите економии во светот е сместено во офшор финансиски центри, кои ги држат “школки” компании кои постојат само на хартија. Трошоците за државите, во загубен приход, се проценува дека надминуваат 800 милијарди долари годишно. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Користење на технологијата за напредок

Објавено

на

Технологијата оди со огромни чекори напред. Постојано знаеме да кажеме или прочитаме дека истата ќе ни ги земе работните места. Да, вистина е технологијата можеби ќе замени голем дел од нашата физичкa работа, но тоа во иднина ќе ни овозможи да се фокусираме на работи кои што не можат да се автоматизираат. Тоа е начинот на размислување и визијата која што мора да не води напред. Ако немаме визија и ако не започнеме да вложуваме во себе промените ќе не водат нас, наместо ние да ги водиме нив. Затоа влогот во себе е влог во иднината. Доколку сакаме спремни да ја дочекаме иднината мораме да се посветиме на учење, а не само на генерално подобрување во одредени области. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Фискален стимул за заздравување, забрзан економски раст и фискална консолидација

Објавено

на

Минатата недела се одржа првата заедничка научна конференција на Министерството за финансии и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). (more…)

Продолжи со читање



Популарно