Connect with us

Останато

1.579 јавувања за една недела во контакт центарот за економските мерки на Владата

Објавено

на

На телефонскиот број 02/324-8040, којшто од минатиот понеделник функционира како контакт (телефонски) центар на Владата на Република Северна Македонија и кој е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските мерки на Владата, за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, во периодот од една недела, односно од 6-ти до 11-ти април регистрирани се вкупно 1.579 јавувања. Контакт центарот е обезбеден од МАСИТ како донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија.

Најчесто се поставуваат прашања за финансиска поддршка за компаниите, невработеност, кредитирање и дозволите за движење во полициски час.

Постои голем интерес за користење на владините економски мерки кај компаниите и граѓаните, притоа, најчесто поставувани прашања (96%), од вкупниот број прашања се следните:

  • можноста за користење на финансиска поддршка за исплата на минимална плата за работниците;
  • можности за граѓаните во случај на невработеност и отпуштање од работа;
  • кредитирањето преку Развојна банка на Република Северна Македонија;
  • постапка за издавање дозволи за движење на вработени за време на полициски час.

На прашањата кои пристигнуваат во контакт центарот, одговараат стручни лица, а одговорите може да се добијат на македонски и на албански јазик.

Кол центарот работи од 8:00 до 17:00  часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот. Со цел да се одговори на што поголем број повици контакт центарот од денеска работи со зголемен капацитет.

Со цел навремена и детална информираност на компаниите и граѓаните за економските мерки на Владата на Република Северна Македонија, а во согласност со интересот за поединечните мерки, подготвен е и документ во кој се содржани одговори на најчесто поставуваните 25 прашања во изминатиот период.

За да пристапите на документот со одговори на најчесто поставуваните прашања кликнете на следниот линк.

Останато

Професии со кои можете лесно да дојдете до вработување во 2021 година

Објавено

на

Кога станува збор за пазарот на трудот, информатичарите, градежните инженери и економистите, можат најлесно да се вработат. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Никола Рибароски избран за претседател на Комората на друштва за геодетски работи

Објавено

на

На редовно годишно собрание, делегатите го избраа Никола Рибароски за претседател на Комората на друштва за геодетски работи. По изборот тој истакна дека ќе ги застапува заедничките интереси на членовите на Комората институциите на национално и интернационално ниво, ќе ги чува угледот, честа и правата на членовите и вработените овластени геодети, и ќе се грижи дејност да ја вршат во согласност со матичниот Закон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Комората на сметководители бара пролонгирање на роковите за поднесување на годишните и финансиските извештаи

Објавено

на

Пролонгирање на роковите за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи преку законски измени на Законот за трговски друштва со цел подобрување на квалитетот на финансиското известување да бидат дел од  економските мерки за петтиот пакет, бара Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Македонија. Според роковите утврдени во Законот за трговски друштва Годишната сметка се доставува до Централниот регистар до крајот на месец февруари наредната година, во хартиена форма или до 15 март во писмена форма. (more…)

Продолжи со читање

Популарно