Connect with us

Странски банки

1.200 долари по човек, САД ги исплаќа парите за помош на граѓаните погодени од кризата

Објавено

на

Даночната служба на САД започна со префрлање на средствата за помош на американските граѓани кои се најтешко погодени од економската криза предизвикана од корона вирусот. Според планот кој го донесе претседателот Трамп, а истиот беше одобрен и од фискалните власти, секој поединец може да добие по 1.2000 долари за справување со невработеност.

Еднократната финансиска поддршка може да достигне и до 4.700 долари по семејство кое има малолетни деца или спаѓа во групите на социјален ризик.

Според податоците со кои располага со финансискиот банкарски стартап Current, исплатата во првата фаза е извршена за околу 10 илјади сметки. Околу 70 милиони Американци до средината на овој месец ќе го добијат пакетот на финансиска помош, известуваат од Трезорот на САД.

Дел од граѓаните финансиската помош ќе ја добијат по пошта со чек кој може да го искористат во банките доколку не располагаат со онлајн банкарство.

Странски банки

JP Morgan Chase е доминантна банка на пазарот на благородни метали

Објавено

на

Во текот на 2020 година, „JP Morgan Chase” имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

#EdgarsChristmas (Божиќот на Едгар): Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

Објавено

на

Веќе трета година по ред, Групацијата Ерсте подготви анимирана реклама посебно наменета за божиќните празници, што несомнено ќе Ви го привлече вниманието со својата креативност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно