Компании
1.150 слободни работни места! Започна Регионалниот саем за вработување!

Тринаесеттиот онлајн Регионален саем за вработување синоќа точно на полноќ ја отвори својата богата понуда на отворени работни позиции од Македонија, Хрватска, Босна, Србија и Словенија.
Целата оваа работна недела, односно од 17 до 21 октомври посетителите на саемот можат да ја истражат богатата понуда на слободни работни места презентирани од 150 компании излагачи од Македонија и регионот со над 1.150 огласи за вработување.
Оваа година на своите штандови ве очекуваат: Македонски Телеком, Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Аутомотив, Кромберг и Шуберт, Жикол, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Кроација Осигурување Живот, Мајорел, Вабтек МЗТ, Адиент Аутомотиве Штип и Струмица, Маркарт Македонија, Лакталис, Лионед Груп, Agile Pro Solutions, Data Masters, Леорон и други.
Работници од Македонија ќе бараат и регионални компании, а дел од нив се Joorney, Pure Storage и Ingosoftware од Србија и Maistra Hospitality Group и Jadranski Luksuzni Hoteli од Хрватска.
Саемот ќе трае 5 дена и е достапен 24 часа преку сите десктоп и мобилни уреди со интернет конекција. За разлика од физичките саеми, Регионалниот саем за вработување можете да го посетите од кој било дел на земјата, кога и да ви одговара, на линкот: https://mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com/
„Спектарот на огласи за работа што работобарателите можат да го најдат на саемот е навистина широк. Овогодинешниот тринаесетти саем носи работодавачи со кои покрај кариерата ќе можете да го промените и местото на живеење. Оние кои сакаат да работат во трговија ги чекаат некои од водечките интернационални и регионални трговски синџири. Секако, на Саемот ќе најдете и други познати имиња од ИТ секторот, финансиите, банкарството, автомобилската индустрија, логистиката и други економски гранки. За оние кои би сакале работа во странство имаме понуди за работа од реномирани хотелски групации од Хрватска, како и од компании од различни сектори од Србија. Без разлика дали сте без искуство или барате позиции кои би биле следниот чекор во вашата кариера, сигурни сме дека секој ќе најде нешто за себе” – велат од Вработување.ком.
Саемот традиционално го организира Vrabotuvanje.com во соработка со партнерите од регионот: MojPosao – Hrvatska, Poslovi Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина и Deloglasnik – Словенија.
Компании
Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)
Компании
АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)
Компании
ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка
- Анализипред 2 weeks
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот