Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 16,97 милиони денари во 2019 година

Објавено

на

Во текот на 2019 година Стопанска банка а.д. Битола беше фокусирана кон остварување на клучните стратешки, деловни и финансиски цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката.

Успешно прилагодувајќи се на тековните пазарни услови, економските трендови и модерните банкарски текови, Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат за 2019 година, односно нето-добивка во износ од 16,97 милиони денари. Ваквото остварување го надминува планот за 9,33%, што се должи на активностите за раст на продажбата на производи и услуги, умерено кредитирање со акцент на физички лица, микроклиенти и SME, воведување конкурентни и иновативни депозитни производи, помала исправка на вредност на финансиските средства, позитивен ефект кај загубата за оштетување на нефинансиските средства, како и контрола на оперативните трошоци од работењето.

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.-31.12.2019 година изнесуваат 291,74 милиони денари, што претставува остварување на планот од 92,57%. Општиот тренд на намалување на каматните стапки придонесе за пониски нето-приходи од камати на годишна основа.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 2,08% споредено со претходната година. Зголемувањето пред сѐ произлегува од картично работење и кредитирање, а реализација е повисока од планираната за 9,91%.

Нето-приходите од курсни разлики и останатите приходи од дејноста се одржани на стабилно ниво, без поголеми промени на годишна основа. Остварувањето во овие позиции го надминува планот за 8,36% и 17,05%, соодветно.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е помала споредено со претходната година за 18,61%, што се должи на активностите за наплата на дел од побарувањата, зголемено кредитирање на секторот домаќинства што традиционално носи пониско просечно ниво на ризик, како и процените за квалитетот на кредитното портфолио на правни лица како мерка на прудентно работење и претпазливост на Банката.

Во периодот 1.1.-31.12.2019 година Банката ги зајакна активностите за продажба на дел од преземениот имот со цел трансформација на некаматоносната актива во каматоносна, што резултираше со ослободување на загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа во износ од 16,93 милиони денари.

Трошоците за вработените бележат намалување од 1,64% споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 93,38%. Останатите расходи од дејноста се пониски за 2,62%, што главно е резултат на резервирања за потенцијални обврски за судски спорови во 2018 година, што не беше случај во 2019 година. Планот во оваа позиција е реализиран со 106,35%. Амортизацијата е зголемена за 21,64% на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 101,11%.

Очекувања за претстојниот период

Во периодот што следува Банката очекува стабилно макроекономско окружување, умерено забрзување на економскиот раст во согласност со проекциите на Народната банка од околу 3,8% при очекувана стапка на инфлација од околу 2% до крај на 2020 година. Кредитирањето на ниво на банкарски систем би пораснало за околу 8%, додека подинамичен раст од околу 8,5% би имале депозитите.

Прилагодувајќи го своето работење на деловната клима и потребите на клиентите, а воедно следејќи ја динамиката на пазарот, Банката и во претстојниот период ќе ги презема неопходните мерки и активности за реализирање на поставените цели што предвидуваат зголемување на бројот на клиенти, раст на кредитирањето и депозитниот потенцијал, а со тоа зајакнување на пазарната позиција и остварување позитивни финансиски резултати на долг рок. Продажба на преостанатиот дел од преземениот имот, како и засилени активности за наплата на нефункционални кредити и отпишани побарувања и понатаму се сегмент од работењето каде што Банката ќе биде особено ангажирана.

Во фокусот секако остануваат постоечките и потенцијалните клиенти на Банката, за што ќе се вложуваат максимални напори насочени кон креирање и понуда на врвни производи и услуги што ќе им ги олеснат секојдневните финансиски активности од аспект на едноставност, достапност и брзина. Понатамошната дигитализација на производите, услугите и процесите останува еден од клучните стратегиски императиви на Банката.

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно