Connect with us

Останато

88,1% од доверителите се eдногласни: потребна е брза продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка

Објавено

на

Зградата на Еуростандард банка треба да се продаде што поскоро сметаат 88,1% од доверителите, истакнувајќи дека секое одолговлекување е на нивна штета. На неодамнешното собрание по повод третата лицтација за продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка, доверители остро се спротивставиле на предлогот на Стечајниот управник и стечајниот судија дека е потребно повторно да се прави проценка на вредноста на зградата. Тие јасно го изразиле својот став дека со повторната проценка само се одолговлекува процесот и од тоа никој ништо не добива.

На доверителите им е комплетно јасна моменталната ситуација, дека ако не се комплетира успешно третата аукција, се прави прераспределба на имотот, што значи дека доверителите добиваат само на хартија потврда дека поседуваат процентуален дел од деловната зграда на Еуростандард Банка, која може да ја уновчат само од идна продажба, а која е неизвесна дали воопшто ќе се случи во блиска иднина, и по која цена.  А интересот за купување на оваа зграда е мал само една компанија лицитира.

Објектот не може да се продава парцијално туку само интегрално. Имајќи го во предвид фактот дека станува збор за голем износ на средства кои треба да се издвојат, сосем е логично зошто доверителите се за побрза продажба.

Од непродавањето на деловната зграда на Еуростандард банка губат штедачите, доверителите, граѓаните и државата. Поминува време а објектот ќе губи од својата вредност! Истиот повеќе од две години нема сопственик и не се одржува.

Носителите на овој процес (стечајниот управник и стечајниот судија) треба да дадат одговор на  прашањето дали е добро и понатаму да се одолговлекува продажбата?  Дали со ваквото однесување се поттикнува единствениот понудувач да се откаже, и во некоја блиска иднина да се појави некој нов кој за багателна цена ќе ја купи зградата, а доверителите реално да добијат многу малку. Дали самиот чин на распределба е добар?

Работите се очигледни! Потребна е реакција од надлежните институции, и поголема одговорност. А на лицитации очигледно е дека нема голем интерес.

Останато

Кралицата Матилда се сретна со нашиот тим кој освои бронза на Европскиот квиз на парите

Објавено

на

Нашите претставници на Европскиот квиз на парите, учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски, кои го освоија третото место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост, остварија средба со Нејзиното Височество, кралицата Матилда од Белгија.

Кралицата Матилда од Белгија  која присуствуваше на церемонијата на доделувањето награди на Европскиот квиз на парите, одржа интерактивна средба со првите три победнички тимови – Австрија, Чешка и нашиот тим. Средбата со кралицата Матилда беше значаен момент на признание за учениците, кој ќе биде инспирација за уште поголеми постигнувања и напредок во иднината.

Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ќе  продолжи да ја поддржува и промовира финансиската едукација како клучен елемент за успешната и независна иднина на младите луѓе.

Продолжи со читање

Останато

ИСТОЧНИТЕ СОСЕДИ НА ЧЕКОР ДО ЕВРОЗОНАТА – ЕК и Бугарија ќе спроведуваат заедничка кампања за премин од левот на евро

Објавено

на

Европската комисија и Бугарија потпишаа Договор за партнерство за организација на информативни и комуникациски кампањи за премин на земјата од бугарскиот лев на еврото, како дел од подготвителните чекори за влез на Софија во Еврозоната.

Договорот го потпишаа извршниот потпретседател на Европската комисија за економија во интерес на луѓето Валдис Домбровскис, еврокомесарот за економија Паоло Џентилони и бугарската вицепремиерка и министерка за финансии Људмила Петкова.

Како што соопшти Еврокомисијата, Договорот е потврда на нејзината заложба за поддршка на организацијата на информативни и комуникациски кампањи за преминот кон еврото во Бугарија, откако земјата ќе ги исполни сите критериуми за тоа.

„Тој е и основа за подготовка и потпишување на Договор за грант, кој ќе и овозможи на Комисијата да ги кофинансира комуникациските активности за преминот кон еврото во Бугарија”, се додава во соопштението.

Продолжи со читање

Останато

Успешни приказни во градежништвото и архитектурата

Објавено

на

Клубот на Млади Инженери од минатата година организира серијал од настани “КMI Talks”, на кои се презентираат успешни бизнис приказни, идеи и иновации кои потекнуваат од нашата држава. На вчерашниот настан кој се одржа во Скопје, имавме можност да слушнеме за искуствата на неколку успешни компании од областите на градежништвото и архитектура и нивниот развој во модерното време на дигитализација.

Еден од говорниците беше Кирил Лазаров-Магистер по градежништво од областа на геотехниката, проект менаџер, сопственик на градежната компанија БИТЕМ. Кирил ги мотивираше младите да се посветат на образованието и едукацијата во нашата држава, да се трудат за стекнување искуство и да не се откажуваат при првиот предизвик.

“Почетоците на работењето на БИТЕМ беа доста тешки, се соочив со многу предизвици, секогаш со сомнеж дали ќе успееме или не. Дали ќе го најдеме сопственото место на пазарот, како ќе најдеме вработени, како ќе ги убедиме потенцијалните вработени да дојдат на работа во нова компанија, која освен желба, план и ентузијазам за работа во дадениот момент не располагаше со ништо друго.

Јас лично во тој контекст вложив многу. Во тој период работев и по 15 часа дневно секој ден, вложив се што знаев и умеев и се што ми беше на располагање за да БИТЕМ успее и се најде на врвот помеѓу најдобрите компании во Македонија и регионот. Иако и во тој момент имав изградено личен и професионален интегритет, како менаџер во голема градежна компанија, не секој имаше доверба во мене во моментот кога решив сам да работам во сопствена компанија.

Можноста да имате колеги, менаџери, претпоставени или сопственици на компанија од кои може многу да научите е можеби најважната работа при првото вработување по напуштање на образовните клупи. Секако, останува на секој од вас да ги прифати и реализира насоките кои ги добива и да ги искористи во своја полза, за личен и професионален раст и развој на сопствената професионална кариера. Живееме во време каде премногу се акцентира материјалното, секој се бори за што поголема плата, меѓутоа барем додека сме млади, при првите вработувања предуслов не треба да ни биде платата. Најважно е да се избере добра компанија, професионална средина, колеги, соработници и ментори од кои може да се учи. Знаењето секако е најголемиот капитал кој ќе го имате. Платата и материјалните придобивки и добра од работата неминовно ќе следат“.

Денес БИТЕМ прерасна во компанија со околу 100 вработени, од кои голем дел се млади инженери, ентузијасти кои растат професионално паралелно со компанијата.

Продолжи со читање

Популарно