Connect with us

Депозити

Пари во банка: Чувството на моќ е во штедењето

Објавено

на

Животот честопати не тече како што планираме. Рецесија, губење работа, поправка на автомобил или некој поскап уред во домаќинството… Дури и со, да речеме секојдневни ситуации, како губење паричник или мобилен телефон, домашните финансии ќе претрпат тежок удар. Ова се итни случаи кога е добро да имаме пари на страна. Дали некогаш сте се запрашале кои се вистинските придобивки од штедењето пари во банка?

Зборот штедење е можеби најпопуларниот збор денес, земајќи ја предвид актуелната светска економска криза и несигурноста во речиси сите сфери од животот. Во ваквите несигурни ситуации, заштедата може да биде клучна, овозможувајќи финансиска потпора во период кога речиси сé е неизвесно.

Штедењето во банка со депозити, пред сé ви гарантира сигурна заработка, а потоа и безбедно чување на парите со многу придобивки и лесен пристап до нив. Пред да препуштите дел од контролата врз своите средства на одредена банка, треба да сте сигурни дека таа е одговорен и сигурен партнер, докажана институција што се грижи за клиентите и нуди модели на штедење прилагодени на специфичните потреби и ритамот на животот. Во ова време токму таков идеален производ со кој вреди да се започне со штедење е ПРОМО депозитот на Халкбанк.

Атрактивниот ПРОМО депозит на Халкбанк има минимален износ на вложување од 30.000 денари или 500 евра и нуди фиксна каматна стапка од 2,60%, 3,10% и 3,50% за 13, 25 и 36 месеци соодветно за штедење во денари, односно 1,60%, 2,10% и 2,60% за штедење во евра.

Рокот за штедење со овој производ е до 36 месеци и како промо производ, не постои можност за дополнителни уплати и повлекувања на средства, додека пак каматата може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување. Оваа понуда за ПРОМО депозитот важи до крајот на мај оваа година.

Носете мудри одлуки и изберете сигурен финансиски партнер.

Депозити

Заврши растот на каматите на депозитите – некои каматни стапки почнаа и да паѓаат?

Објавено

на

Кратко траеше радоста на штедачите од зголемените каматни стапки на депозитите во домашните банки. Од 1 јануари веќе започна надолен тренд кај некои банки, кој се очекува да продолжи и во текот на новата година. Стабилизирањето на референтните каматни стапки на централните банки кон крајот на минатата година беше сигнал за македонските банки прво да го запрат растот на каматите на депозитите. Како и колку тоа ќе се рефлектира и на каматите на кредитите допрва ќе видиме.(повеќе…)

Продолжи со читање

Депозити

„Растеме заедно“ – Детско штедење од Стопанска банка а.д. Битола со фиксна каматна стапка 4,1%

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола своето портфолио на производи го дополни со нов денарски депозит – детско штедење со промотивна фиксна каматна стапка од неверојатни 4,1%, со рок на орочување 36 месеци. Детското штедење е наменето за деца од нивното раѓање па се до 18 годишна возраст.(повеќе…)

Продолжи со читање

Депозити

Одбележан Светскиот ден на штедењето, промовиран Букварот за финансиска едукација и доделување детско штедење на Идолите на Халки

Објавено

на

Со целодневна едукативно-забавна работилница за деца, промоција и видеопроекции и многу музика, Халкбанк АД Скопје вчера во Градскиот парк во Скопје го одбележа 31 Октомври, Светскиот ден на штедењето. Со тоа беше заокружена кампањата „Среќата е во малите чекори“ и низата активности со кои банката го одбележа месец октомври.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно