Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
БРОКЕР
(1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување)
Потребни квалификации и способности (услови што се бараат за вршење на работата):
- Завршено високо образование од областа на економијата, финансиите или деловното прав;
- Дозвола за работа на брокер, (предност е поседување и дозвола за работење за инвестиционен советник) и работно искуство од најмалку 3 години
- Познавање на законска и подзаконска регулатива од областа на работа со хартии од вредност
- Познавање на англиски јазик и работа со компјутери
- Аналитичност, иницијативност, самостојност, ажурност, навременост
- Способност за тимска работа
- Комуникациски и организациски вештини
- Способност за идентификација на проблеми
- Професионално однесување
- Пожелно е кандидатот да поседува возачка дозвола Б категорија
Краток опис на работно место
- Тргување со хартии од вредност по налог и за сметка на клиенти и по налог и за сметка на Банката
- Работење со апликацијата на ЦДХВ – резервирање на хартии од вредност и вршење на нетрговски трансфер
- Анализа на финансискиот пазар и потенцијалните клиенти
Работно време:
40-часовно неделно работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.
Локација на работното место:
Скопје, Централа на Банката
Загарантирана почетна нето–плата:
Минимална: 30.000,00 денари;
Максимална: ќе биде предмет на договор во зависност од искуството на избраниот кандидат.
Останати информации:
Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо, копија од уверение за завршено образование и копија од дозвола за работа на брокер и/или копија од дозвола за работење за инвестиционен советник, најдоцна до 10.2.2020 година, со назнака: „Апликација за Брокер“ на следната електронска адреса: kariera@ttk.com.mk или во писмена форма на адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул. „Народен фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка