Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Џим Јонг Ким се повлече од функцијата претседател на Светска банка

Објавено

на

Претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким ја напушта функцијата на 01 февруари, се наведива во соопштението од СБ.

Џим Јонг Ким стапи на должноста шеф на СБ на 01 јули 2012 година со мандат од пет години. Подоцна, Советот на директори на банката повторно го избра за претседател до 2022 година.

Голема чест беше да служам како претседател на оваа извонредна институција, полна со страсни поединци, посветени на мисијата за ставање крај на екстремна сиромаштија”, се наведува во соопштението од Ким. Тој не ја соопшти причината за неговата оставка.

Исто така, не е наведено кое е неговото ново работно место. Извесно е дека тој ќе работи во компанија која се занимава со инвестиции во инфраструктурите на земјите во развој.

Странски банки

Тевдовски: СБ ќе одобри 420 милиони долари за инфраструктурни проекти и вложување во човечки капитал

Објавено

на

Бордот на директори на Светска банка набргу ќе ја усвои Рамката за партнерство 2019-2023 со која на Република Северна Македонија и се ставаат на располагање 420 милиони долари. Тие се наменети за проекти во областа на инфраструктурата, пододобрување на климата за стопанисување и инвестирање во човечкиот капитал. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски по средбата со директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Европската централна банка до крајот на годината нема да ја менува основната камата

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека планира сегашната рекордно ниска основна каматна стапка да не ја менува до крајот на годината, во услови на неизвесни перспективи на економијата во Еврозоната. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Венецуела од централната банка подигнала 8 тона злато, коишто планира да ги продаде

Објавено

на

Венецуела од сефот во централната банка повлекла осум тони злато кои планира да ги продаде во странство, пренесува Ројтерс повикувајќи се на два извори, еден од парламентот на Венецуела, а другиот од нејзината влада. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange