Останато
Џеф Безос се повлекува од функцијата главен извршен директор на Амазон


Основачот на „Amazon” Џеф Безос ќе се повлече од местото извршен директор на компанијата во третиот квартал оваа година и ќе премине на функцијата извршен претседател.
Како што соопшти компанијата, на негово место ќе дојде Енди Џеси, претседателот на веб сервисот на „Amazon”.
Во соопштение испратено до вработените Безос наведува дека планира во иднина да го насочи своето внимание кон нови производи и иницијативи кои ги развива „Amazon”. Според него, тоа ќе му даде повеќе време за споредни проекти, како што се компанијата за вселенски истражувања „Blue Origin“, весникот „The Washington Post” и неговите хуманитарни фондации.
„Возбуден сум што можам да објавам дека Енди Џеси ќе стане новиот извршен директор. Планирам да ја фокусирам енергијата и вниманието на новите производи и иницијативи“, напиша Безос во емеилот до вработените.
Енди Џеси е во Амазон од 1997 година.
Безос е извршен директор на „Amazon” од неговото формирање во 1994 година. Компанијата „Amazon” стана пионер во брза и бесплатна испорака, привлекувајќи милиони потрошувачи да купуваат секакви производи преку Интернет. Под раководство на Безос, „Amazon” го лансираше својот прв читач на е-книги, кој беше широко прифатен, а неговиот гласовен асистент Ехо, ја популаризира технологијата во домовите.
„Amazon” е еден од последните големи технолошки гиганти во светот, чиј основач сè уште е извршен директор. Ко-основачите на „Google”, Лери Пејџ и Сергеј Брин, поднесоа оставки од директорските функции во компанијата-мајка на холдингот „Alphabet” во 2019 година. Основачот на „Oracle”, Лари Елисон се повлече од функцијата извршен директор во 2014 година, а Бил Гејтс беше на чело на оперативниот тим на „Microsoft” до 2000 година, а минатата година тој целосно се повлече од Управниот одбор на софтверскиот гигант и се посвети на хуманитарни цели.
Од тогаш компанијата, од сервис за онлајн продавање книги, стана еден од најголемите интернет продавачи на разни видови производи, а вредноста на „Amazon” се проценува на повеќе од 1,6 билиони долари.
Останато
Претседателот на ССК, Ангелоски од Војводина: „Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан


Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски и потпретседателот проф. д-р Орце Симов остварија посета на Покраинската влада на Војводина, каде беа дел од настан на високо ниво за претставување на асоцијација „Зелен навигатор на Западен Балкан“. Ангелоски е член на Управниот одбор на „Зелен навигатор“ кој е воспоставен како единствена иницијатива на јавниот и приватен сектор основана со цел да ја забрза регионалната трансформација на економијата и локалната заедница кон климатска одржливост. (more…)
Останато
ЕБОР со милијарда евра помош за Украина


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) собра една милијарда евра помош за Украина на годишното генерално собрание неделава, соопшти претседателката Одил Рено – Басо. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје