Connect with us

Останато

Џеф Безос продаде милион акции на Amazon за 3,1 милијарда долари

Објавено

на

Најбогатиот човек на светот, основачот на компанијата „Amazon”, Џеф Безос, во првите денови од август продаде милион акции на компанијата за 3,1 милијарди долари, објави Forbes, повикувајќи се на документацијата доставена до Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ).

Тоа значи дека по плаќањето данок, најбогатиот човек на светот на сметка ќе има дополнителни околу 2,4 милијарди долари.

Безос ги продал акциите по цена од 3,10 до 3,18 долари по акција, а „Forbes“ пишува дека не е позната причината зошто Безос ги продал акциите.

Во меѓувреме, пак, „Fox Bussiness“ наведува дека Безос во последните години редовно продава акции на „Amazon” за финансирање други бизниси. Телевизијата потсетува дека Безос ветил дека ќе собере најмалку милијарда долари секоја година со продажба на акции за финансирање на „Blue Origin“, неговата приватна фирма за вселенски туризам и истражување.

Според најновата листа на најбогати луѓе на светот на „Forbes“, Безос го задржа првото место со проценето лично богатство од над 189 милијарди долари.

Минатата недела „Amazon” објави дека оствариле приходи од 88,9 милијарди долари во вториот квартал, 40 проценти повеќе отколку во истиот квартал една година порано, а профитот изнесува 5,2 милијарди долари, што значително ги надмина очекувањата на Вол Стрит.

Акциите на „Amazon” оваа година ја зголемија својата вредност за 73 проценти.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно