Connect with us

Останато

Џеф Безос на 5 јули заминува од местото извршен директор на Амазон

Објавено

на

Извршниот директор на „Amazon”, Џеф Безос, на состанокот на акционерите изјави дека на 5-ти јули ќе ја напушти функцијата, пренесува „Bloomberg“.

Позицијата извршен директор ќе му припадне на Енди Џеси, кој сега е на чело на „Amazon Web Services”, што се чуваат на клауд. Безос ќе стане извршен претседател на компанијата и ќе се фокусира на нови проекти и иницијативи.

Уште во февруари годинава Безос објави дека ќе ја напушти функцијата извршен директор до крајот на 2021 година, но не прецизираше кога точно тоа ќе се случи.

Овој 57-годишен претприемач ја основал компанијата „Amazon” во 1994 година. Оттогаш, тој стана најбогатиот човек во светот. Неговото богатство се проценува на околу 177 милијарди долари.

Останато

Што научивме од овогодишната конференција за е-трговија?

Објавено

на

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, на 11-ти ноември се одржа Петтата конференција за е-трговија, на тема “E-commerce. Accelerate!”, на која присуствуваа над 470 лица со физичко присуство, а истата ја следеа и преку 130 лица со онлајн присуство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно