Останато
Џеф Безос за една година заработи 19 милијарди долари


На овогодинешната листа на Форбс на најбогатите луѓе во светот нема некои поголеми промени. Основачот на Амазон, Џеф Безос, останува најбогат човек во светот.
Безос е пред Бил Гејтс и Ворен Бафет на листата, а Марк Закерберг загуби три места и сега се наоѓа на 8-то место, додека Мајкл Блумберг напредуваше за две места и сега е на 9-тото место на најбогатите личности во светот.
Според годишната Форбс класификација, денешното богатство на 55-годишниот Безос се зголеми за 19 милијарди долари во изминатата година и достигна 131 милијарда долари. Безос неодамна се појави во таблоидите за објавување на развод.
Безос, кој има околу 16% од компанијата, поради огромното богатство е критикуван од страна на левичарите, американската Демократска партија, бидејќи многу се разликува од ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој стана филантроп.
Богатството на 63-годишниот Бил Гејтс се зголеми скромно во текот на изминатата година и достигна 96,5 милијарди долари, во однос на 90-те милијарди долари кои ги поседуваше минатата година.
Трет на листата на најбогатите е 88-годишниот Ворен Бафет. И покрај неговата репутација дека тој има нос за одлични бизнис зделки, сепак тоа не беше видливо годинава по падот на акциите на гигантот Крафт Хајнц, компанија во која Бафет има големи вложувања. Токму поради тоа, богатството Бафет падна за 1,5 милијарди долари на вкупно 82,5 милијарди долари.
Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, загуби речиси девет милијарди долари од своето богатство и падна од петтото на осмото место на листата на Форбс.
Пред него се мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим, Шпанецот Амансио Ортега, основачот на Индитекс и Зара и американски ко-основачот на Оракл, Лари Елисон.
Мајкл Блумберг (77), основач на компанијата за финансиски информации, поранешен градоначалник на Њујорк, се искачи на деветтото место, по минатогодишното 11-то место. Неговото богатство минатата година порасна на 55,5 милијарди долари над 50 милијарди долари.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје