Connect with us

Останато

Џенет Јелен: Биткоинот е ризично, шпекулативно средство

Објавено

на

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен смета дека поседувањето биткоини претставува ризик и за инвеститорите и за граѓаните.

Таа додаде дека важните прашања во врска со законитоста и стабилноста на најголемата криптовалута во светот остануваат отворени.

„Не мислам дека биткоинот е често користен како механизам за извршување трансакции… но и до степенот до којшто се користи, се плашам дека тоа е честопати за нелегални и недозволени финансиски трансакции. Тоа е крајно неефикасен начин за спроведување на трансакции бидејќи количината на енергија што се троши при обработка на трансакцијата е зачудувачка“, изјави Jелен на конференцијата „DealBook“ модерирана од Ендрју Рос Соркин на „CNBC“.

Рударењето (“копањето”) на биткоини бара од корисниците да решаваат сложени математички равенки користејќи компјутерски поставувања со голема моќност. Потрошувачката на електрична енергија што се користи во процесот остава годишен отпечаток на јаглерод еднаков на емисиите на земја со големина на Нов Зеланд, според пресметките на порталот „Digiconomist“.

Покрај загриженоста поврзана со потрошувачката на електрична енергија, биткоинот исто така се смета и за алатка на криминалците што се вклучени во голем број нелегални активности, бидејќи неговата употреба е тешко да се следи.

Исто така, постои изразена нестабилност на оваа дигитална криптовалута, чијашто цена, од нејзиното создавање до денес, бележи силни подеми и падови, додава Јелен за „CNBC“.

„Тоа е исклучително шпекулативно средство и мислам дека луѓето треба да бидат свесни за неговата екстремна нестабилност и јас навистина сум загрижена за потенцијалните загуби што може да ги претрпат инвеститорите“, додаде Џенет Јелен.

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Со новите измени на Законот, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот!?

Објавено

на

Со измените на Законот за облигациони односи, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот, смета Jован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колапс на приватниот сектор во Јапонија – бројот на банкротирани компании за една година се зголемил за неверојатни 49%

Објавено

на

Ефектот на Ковид-19 врз бизнисите во Јапонија предизвика огромен број банкроти од почетокот на воведувањето на анти-пандемиските мерки. (more…)

Продолжи со читање



Популарно