Connect with us

Компании

Џенерал електрик, највредната американска компанија, во сериозни проблеми

Објавено

на

Темелите на Џенерал електрик, некогаш највредна американска компанија и гордост на економијата, сериозно се тресат.

Вредноста на акциите на Њујоршката берза во понеделникот падна за 7% на 7,99 долари, а цената на осигурување на долгот на тој индустриски конгломерат достигна највисоко ниво во шест години.

Дека индустриската загриженост за финансиската состојба на компанијата е оправдана  зборува и веста дека првиот човек на Џенерал електрик најави итна продажба на имот поради раздолжување.

– Во моментов немаме повисок приоритет од намалувањето на нивото на задолженоста. Имаме цела  низа можности за продажба на имотот, изјави извршниот директор Лари Кaлп.

Тој, кормилото на конгломератот со 126 години традиција, го презеде на 1 октомври, а веднаш потоа се најде под притисок на прашањето за финансиската сила на компанијата и идната профитабилност. Што се однесува на деловите кои би можеле да бидат продадени, Кaлп вели дека Џенерал електрик го разгледувала и продавањето на производството на млази воздухопловни мотори, но таквиот потег не е приоритет.

Џенерал електрик минатиот месец во извештајот за третото тромесечје објави губиток од 22,8 милијарди долари, годишната дивиденда ја сведе на само четири центи, а на акционерите им соопшти дека се соочува со сеопфатна истрага на федералните органи околу сметководствената пракса.

Компании

Amazon продавниците без каси и касиери стигнуваат и во Европа

Објавено

на

Празниците се најдоброто време кога ја разбираме потребата за онлајн купување, затоа што гужвите низ продавниците се огромни. Дури и да го најдете тоа што ви треба за кратко време, сигурно ќе “заглавите„ на каса. Amazon е првиот бренд кој успеал да отвори продавница во која нема каси. Ваквиот концепт ќе станува се популарен во иднина.  (more…)

Продолжи со читање

Компании

Credissimo со број 1 клиентска услуга во онлајн кредитирањето и уште многу Новогодишни изненадувања

Објавено

на

Со титулата “Најдобра услуга“ помеѓу компаниите за брзи кредити се здоби Credissimo, само 2 години откако официјално ја започна својата дејност во Македонија. Истражувањето за квалитетот на клиентската услуга, помеѓу небанкарските финансиски друштва во државата – “Таен клиент“, беше спроведено меѓу 5-те најпопуларни компании од секторот, кои нудат брзи кредити онлајн. Со идентични прашања и критериуми, беа направени 15 проверки за квалитет, љубезност, информираност и прозрачност кон клиентот по телефон, од страна на една од најголемите интернационални агенции за маркертинг истражувања – IPSOS, која има над 50 интернационални претставништа и е класирана во топ 5 компании за истражувачки услуги во светот. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Прогласени десетте добитници на престижното признание – Македонски квалитет 2018

Објавено

на

Во присуство на брojни гости, традиционално во рамки на манифестацијата Македонски Квалитет, беа прогласени десетте добитници на престижното признание за 2018 година, кое го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот на Република Македонија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange