Connect with us

Останато

Џек Ма [Alibaba] – најбогатиот човек во Кина, ќе се пензионира?

Објавено

на

Милијардерот Џек Ма, основач и претседател на Alibaba, наводно, ќе се повлече од бизнисот и ќе се пензионира. Како што пишува New York Times, тој ќе се пензионира на 10 септември затоа што сака да се посвети на филантропијата во образовниот сектор. Џек Ма е поранешен туристички водич, наставник по англиски јазик и кинески Форест Гамп. Тој во 1999 година ја основаше Alibaba заедно со уште 17 други основачи, од кои некои биле негови ученици, и ја претвори во една од најголемите компании во светот за е-трговија, а целосно го трансформираше начинот на купување и плаќање во Кина.

Ова ќе биде драстична промена за кинескиот е-трговец вреден 420 милијарди долари. Според наводите на весникот, Ма ќе остане на чело на Одборот на директори на Alibaba и ќе биде ментор на менаџментот на компанијата. Досега нема одговор од Ма на овие тврдења.

Како што изјавил Ма за New York Times, неговото пензионирање не е крај на една ера, туку почеток на нова ера. Овој потег само ја комплетира транзицијата на моќ во Alibaba која почна во 2013 година – Ма тогаш се повлече од позицијата извршен директор. Ма поседува 6,4% акции во Alibaba. Тој додал и дека ќе посвети повеќе од своето време и богатство, кое изнесува 40 милијарди долари, на образованието.

Извор: Факултети

Останато

Ангеловска: За два месеци 203.605 прегледи на Отворени финансии, транспарентноста останува наш приоритет

Објавено

на

За два месеца платформата Отворени финанси имала 203.605 прегледи од страна на 19 илјади корисници, кои просечно поминувале 7.07 минути, покажуваат податоците на Министерството за финансии. (more…)

Продолжи со читање

Останато

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Knigoteka – прва домашна дигитална книжарница

Објавено

на

Македонската компанија Knigoteka е првата домашна дигитална книжарница за продажба на електронски книги каде на едно место може да се најдат изданијата на голем број македонски издавачки куќи. (more…)

Продолжи со читање

Останато

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Kiimo – македонска апликација за достава на пратки

Објавено

на

Преку апликацијата Kiimo ќе имате можност за достава на пратки додека се движите, шетате или работите во урбана средина, која може да донесе дополнителна заработка и да го реши проблемот на изгубените и недоставени пратки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно