Connect with us

Компании

Џек Ма: трговската војна ќе затвори работни места

Објавено

на

Претседателот на кинескиот гигант во електронската трговија „Alibaba Group Holding“, Џек Ма изјави дека комерцијалните проблеми меѓу САД и Кина можат да продолжат две децении, пренесува „Ројтерс“.

Шефот на Алибаба го привлече вниманието на почетокот на минатата година кога по средбата со Доналд Трамп по неговиот избор за претседател на САД амбициозно се обврза дека ќе создаде милион работни места во Америка.

Меѓутоа, во интервју за кинеската државна агенција Синхуа, Ма кажа дека брановите од нови царини кои ги наметнаа Вашингтон и Пекинг во последните месеци го поткопале тој план.

„Ветувањето беше дадено врз основа на пријателската соработка меѓу Кина и САД и разумните билатерални трговски односи, но актуелната ситуација веќе ја уништи таа основа. Ветувањето не може да биде извршено“, кажа Ма.

Портпаролот на Алибаба, најголемата кинеска компанија за онлајн трговија, ја потврди изјавата на Ма.

Аналитичарите веќе изразија сериозни сомнежи околу ветувањето, кое Алибаба го најави откако Трамп и Ма се запознаа во Трамп тауер во Њујорк во јануари 2017.

Како што се наведува, нејасното ветување на Џек Ма не е засновано врз инвестирање на Алибаба во САД за изградба на фабрики и други реални инвестиции. Наместо тоа, тој зборуваше за стимулирање на трговијата со тоа што ќе им помага на американските мали претприемачи да ги продаваат своите производи во Кина и во Азија.

Алибаба минатата година одржа голема конференција во Детроит за да ги поттикне малите американски претпријатија и земјоделци своите производи да ги пласираат на кинеските потрошувачи преку својата платформа.

Компанија не одговори на барањето за информации колку американски работни места се создадени досега преку таа иницијатива.

Компании

Отворен ден на GS1 Македонија: “Дигитализација на македонското стопанство„

Објавено

на

„Онлајн“-трговијата во Македонија е во зачеток, бројот на компании и маркети кои директно ги пласираат своите производи и услуги преку интернет е се уште мал. Во светски рамки, пак, продажбата на далечина е се по застапена и прифатена од крајните потрошувачи, секоја година е се помасовна, а обртот на средства преку „онлајн“-трговијата е се поголем. Овој тренд неминовно ќе ја зафати и нашата држава. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Војна помеѓу eBay и Amazon

Објавено

на

Двете најголеми интернет маркетинг компании влегоа во битка откако eBay официјално покрена тужба против Amazon, во која обвиненува за нефер бизнис практики. Адвокатите на компанијата велат дека биле жртви на „масовна шема за компромитирање на нивниот внатрешен и-мејл систем“. Информациите потоа биле користени од страна на Amazon за привлекување на најпопуларните трговци на eBay.

Според обвинението, овие практики не се нови и веќе неколку години се применуваат, објави „ЦНет“. eBay тврди дека имаат информации за тоа дека десетици вработени на високи позиции во Amazon во САД и Европа се обложуваат на различни методи за да ги одземат најактивните трговци во конкурентна платформа. Во овој случај, станува збор за практиките на двете компании да им овозможат на аутсајдери да ги рекламираат и продаваат своите производи, што во крајна линија доведува до поголем приход.

Необичен е фактот дека, според Amazon, трговците со трета страна генерираат повеќе од 50% од нивниот промет, додека на eBay оваа вредност е 100% поради нивниот специфичен бизнис модел.

Уште е рано да се предвиди што ќе одлучи во судот во овој случај, кој ги соочува двете водечки онлајн платформи за тргување. Западните медиуми коментираат дека овој случај дополнително ќе го заостри конфликтот меѓу компаниите кои веќе имаат прилично затегнати односи.

Продолжи со читање

Компании

Google воведува наплата за YouTube, Google Play и други услуги – цената ќе ја платат производителите на ЕУ?

Објавено

на

Прв пат во својата историја, Google ќе наплаќа лиценци за телефонски производители во Европа за да ги инсталираат своите услуги, како што се Google Play, YouTube или Gmail.

Денес тоа е невозможно да се замисли Android паметен телефон кој во основа нема Gmail, YouTube, и она што е, секако, најмногу важно – Google Play. По паричната казна од 5 милијарди евра, што Google мораше да ја плати на Европската унија, од компанијата одлучија да свртат нов лист кога станува збор за водење бизнис на територијата на Стариот континент.

Врз основа на истрагата спроведена од страна на регулаторното тело на ЕУ, казната за Google следи откако беше утврдено нарушување на конкуренцијата кога станува збор за Андроид. Тоа е практика на компанијата врз основа на барањата кон телефонски производители и пре-инсталирање на основните услуги на компанијата во замена за бесплатно користење на оперативниот систем. Во прописите, меѓу другото, се наведува дека ваквата политика на Google овозможи на компанијата нефер предност во однос на своите конкуренти на пазарот.

Првиот голем чекор кој ќе го направи Google во својата нова политика за корисници во Европа е почеток за давање на лиценци за производители на мобилни телефони во овој дел на светот, кои се планира да продаде уреди со пре-инсталиран оперативен систен на компанијата за услуги од Mountain View.

Добрата вест е дека Android ќе остане бесплатен за сите.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange