Connect with us

Останато

Џек Ма симнат од врвот на најбогати луѓе во земјата – отсега Жонг Шаншан е најбогатиот човек во Кина

Објавено

на

Кинескиот магнат во бизнисот со минерална вода, Жонг Шаншан го симна основачот на „Alibaba” – Џек Ма од врвот на најбогати луѓе во земјата. Според листата на списанието „Хурун”, неговото богатство се проценува на повеќе од 100 милијарди долари.

Жонг Шаншан (66), сопственик на фирмата „Nongfu Spring”, лани беше трети на тој список, потсети основачот на списанието Ричард Хогеверф. Заедно со својата „империја” за минерална вода, Жонг го изгради и бизнисот со фармацевтската компанија „Бејжинг Вантаи”.

Компанијата за минерална вода е со седиште во источнокинескиот град Хангжу, како и „Alibaba” – најголемата платформа за интернет-трговија во светот.

Списанието „Хурун”, со седиште во Шангај, секоја година го објавува својот список од најбогати Кинези.

Останато

Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК

Објавено

на

Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”

Објавено

на

Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна месечна нето-плата по вработен во февруари изнесува 27.948 денари

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7. (more…)

Продолжи со читање




Популарно