Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Ќе успее ли конверзијата на приоритетните акции на Стопанска банка АД – Скопје во обични?

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје на ден 12.12.2018 година ќе одржи собрание на акционери кое ќе биде особено значајно за акционерите кои имаат приоритетни акции.

Применото барање од страна на банката од сопствениците на вкупно 9.036 приоритетни акции (12,77%) се очекува да ја одбележи 44-тата седница на Собранието на акционери. Станува збор за организирање на одвоено гласање за предлогот да се укине првенственото право на приоритетните акции со цел да се изврши конверзија на приоритетните акции во обични акции во сооднос 2:1. Тоа би значело дека имателите на приоритетни акции, за секоја приоритетна акција ќе добијат 2 обични акции.

Банката има издадено вкупно 227.444 приоритетни акции со номинална вредност од 400,00 денари по акција. Доколку се освои одлуката, ќе се укине првенственото право на приоритетните акции издадени од Стопанска банка АД – Скопје во вкупен број од 227.444 со номинална вредност од 400.00 денари по акција. Приоритетните акции се конвертираат во обични акции со право на глас.

Во согласност со домашната регулатива за објавување на ценовно чувствителни информации, Стопанска банка АД – Скопје веднаш го објави барањето на веб-порталот СЕИ-НЕТ на Македонска берза АД Скопје. Дополнително, Надзорниот одбор на банката го разгледа барањето и ја измени Одлуката за свикување на 44-та седница на Собранието на акционери со што соодветно го дополни Дневниот ред на седницата.

Имајќи предвид дека предлогот ги засега правата и сопственоста на двата рода на акции, ќе се спроведе одвоено гласање од сопствениците на обични и сопствениците на приоритетни акции. Предлогот ќе се смета за одобрен само доколку сопствениците на двата рода на акции гласаат позитивно, односно, ако се постигне мнозинска согласност од сопствениците на обични и приоритетни акции претставени на самата седница каде што треба да бидат присутни најмалку претставници/сопственици на 51% од двата рода на акции.

Поднесителите предлагаат трошокот за конверзија, кој се проценува околу 550 илјади денари (вклучително даноци и други трошоци) да биде покриен од акционерите кои ќе бидат присутни/претставени на седницата и ќе гласаат позитивно.

Доколку се донесе одлуката, надлежните организациски делови на Банката ќе пристапат кон промена на Статутот на Банката и ќе ги превземат сите потребни дејствија за добивање на релевантни согласности од надлежните органи (КХВ, Народна банка на РМ) и реализација на конверзијата на приоритетни во обични акции со право на глас.

Домашни банки

Халкбанк и Мастеркард и оваа година верни партнери на „Охрид ТрчаТ“

Објавено

на

Халкбанк во партнерство со Мастеркард и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ го најавија продолжувањето на својата соработка за третото издание на спортскиот хепенинг „Охрид ТрчаТ“, кој оваа ќе се одржи во периодот од 31 мај до 2 јуни во Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Уплата на готовина на банкоматите на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја пушти во функција услугата уплата на готовина на банкомат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Отворен повик за учество на третата летна школа “Биди Банкар” на Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Во јули годинава, по трет пат ќе се одржи летната школа „Биди Банкар“ на Охридска банка Сосиете Женерал отворена за студентите во завршна година на додипломски, или постдипломски студии. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange