Connect with us

Анализи

Ќе „удри“ ли нова рецесија – Прашање на време или справување со последици?

Објавено

на

Шансите да „удри“ нова рецесија пред изборите во САД се 50/50, а со тоа и да предизвика потреси на глобалниот пазар. Финансиските аналитичари во САД имаат одредена доза на песимизам во однос на растот на инвестициите и предупредуваат дека е возможно пред претседателските избори закажани за ноември 2020 година да „удри“ нова рецесија која може да ги потресе пазарите и економијата.

Дел од експертите сметаат дека шансите за нова рецесија во наредниот период се движат околѕ 50% базирано на неизвесноста околу трговската војна која ја започна претседателот Трамп со Кина и нивната политика на дефлација на јуанот за зајакнување на извозот. Исто така треба да се земе во предвид и неповолната прогноза за континуиран раст на глобалната економија која поради голем број на геополитички фактори како што е неизвесноста во Иран, Саудиска Арабија и Венецуела, проблемите со Брегзит и неусогласеноста на водечките земји на ЕУ, може да предизвика забавување на растот.

CNN како медиум кој е критички настроен кон власта на Трамп денес излезе со прилично бомбастичен наслов: „Голема дупка на финансиските пазари – NY FED потроши 53 милијарди за да го спаси кредитниот пазар“.

Централната банка на Њујорк (Федерални резерви) испумпа 53 милијарди долари во еден ден преку купување на хартии од вредност и финансиски инструменти со цел да го намали пазарниот притисок откако краткорочните камати за позајмување на капитал драстично пораснаа, па тоа го зголеми ризикот од неликвидност. Проблемот се јави поради се поголемиот раст на дефицитот на САД кој изнесува над 1 трилион долари, па така на пазарот има премногу државни обврзници со кои се финансира буџетот, а банките се задолжуваат за да ги купуваат обврзниците па затоа се зголемува и интересот за краткорочно финансирање, што пак ги вивна каматните стапки на т.н. Overnight lending market. Ваква „спасувачка“ операција Федералните резерви во Њујорк последен пат направија во 2008 година кога ескалираше финансиската криза.

Скот Минерд, главниот директор за инвестиции на Guggenheim Partners капиталниот фонд, посочи дека ваков вид на агресивни потези на централните банки може да ја одложат рецесијата, но не и да ја спречат. Според моделот кој го развила оваа финансиска институција шансите за нова рецесија се 58% до средината на 2020 година и над 70% дека рецесијата ќе „удри“ по американските претседателски избори.

Минерд кој управува со фонд вреден 240 милијарди долари, на инвеститорите им порачува внимателно да ја следат кривата на приноси од државните обврзници на краток и долг рок. За тој индикатор веќе пишувавме дека е неповолен и кога појавува знаци дека приносите на долг рок ќе бидат понестабилни и помали од приносите на обврзниците на краток рок, тоа е чест знак дека ќе следи рецесија бидејќи се намалува инвестициската активност и постои ризик од крах на берзите и пазарната вредност на котираните компании.

Во неговата анализа исто така е посочено дека претседателот Трамп ќе продолжи да користи полесни монетарни инструменти со цел да добие зелено светло за поагресивна трговска политика, клучна во неговите напори да ја „покори“ Кина која практично ја ослаби американската трговија, а со тоа и домашното производство во услови на историски силен долар.

Дел од аналитичарите пак, сметаат дека иако постојат повеќе глобални ризици, како и неповолен индикатор на приноси од обврзници, силната потрошувачка во САД  ќе продолжи во наредните 6 квартали што ќе овозможи стабилност на бизнисите и инвестициите.

Мартин Фридсон, аналитичарот од Intelligent Investing вели дека сценаријата на пропаст не треба секогаш да се земаат здраво за готово, бидејќи цикличната природа на економијата не секогаш значи дека ќе доведе до катастрофална рецесија која може да наликува на големата криза од 2008 година и дека загубите нема да бидат фатални, но дека секако мора да се размислува колку навистина е ранлив американскиот банкарски систем и покрај мерките кои беа преземени.

Анализи

Олеснети условите за кредит, се очекува трендот да продолжи

Објавено

на

Олеснување на кредитните услови во последниот квартал од 2019 година покажуваат објавените податоци од Анкетата за кредитната активност. Олеснување на условите има и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор. Очекувањата се дека и во првиот квартал од оваа година ќе има натамошно олеснување на кредитните услови. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Се поевтини кредити во последните 5 години, но паѓаат и стапките на депозитите

Објавено

на

Каматните стапки на кредитите во последните пет години бележат постојан пад. Таков е трендот и за последниот статистички преглед за месец декември 2019 година кога каматната стапка на кредите се спуштила за прв пат под просекот од 5%. Ова се должи и на продолжувањето на послободна монетарна политика и помали трошоци за издавање на кредити на банките. Од друга страна пак, штедачите во последните пет години имаат помали каматни приливи на своите конта бидејќи исто така се намалуваат и каматните стапки за штедење. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Пакомак – прва македонска компанија која воведува светски тренд во рециклирањето

Објавено

на

Енормниот обем на отпад кој се креира со зголемена консумација во модерното општество, селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање е екстремно важен процес за одржување на чиста и незагадена околина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно