Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Ќе се спречува перењето пари – плаќање во кеш само до 1.000 евра!

Објавено

на

Како што пристигна Новата година, така почнаа да важат и нови законски одредби. Откако претходната година во јули беше донесена одредбата на Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам со која прагот на дозволените плаќања во кеш од енормни 15.000 евра драстично се намали на 2.000 евра, заклучно со почетокот на 2019-та година, прагот дополнително се намали на “само” 1.000 евра.

Дополнително, донесена е Одлука во јуни годинава тој праг уште повеќе да се намали до 500 евра. Со намалувањето на прагот за дозволено плаќање во кеш, ќе се дестимулира сивата економија и “перењето” пари, а се повеќе ќе се стимулира електронската трговија и користењето на платежни картички.

Овој Закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам важи за сите граѓани и фирми, а за негово прекршување предвидени се драконски казни од 5.000 до енормни 80.000 евра. Управата за јавни приходи е институцијата која ја контролира примената на оваа Законската одредба за готовински плаќања.

За разлика од нашата земја каде овој праг беше драстично намален, кај земјите членки на ЕУ овој праг е поставен на 10.000 евра.

 

Останато

Тевдовски: Првата транша евтини кредити од ЕИБ во износ од 15 милиони евра ќе им биде прфрлена на фирмите следната недела

Објавено

на

Првата транша во износ од 15 милиони евра евтини кредити за малите и средни претпријатија преку ЕИБ, ќе биде префрлена следната недела. Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и потпретседателот на Европската инвестициска банка Ендру Мекдовел во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесплатна тренинг школа за економска слобода на девојки и жени

Објавено

на

Организацијата на еднородителски семејства „Една може!“ и социјалното претпријатие „Една прави!“ ќе спроведуваат бесплатна тренинг школа за економска слобода на девојки и жени. (more…)

Продолжи со читање

Останато

[ВИДЕО] Кога мислите дека сте виделе се: Кражба на банкомат со багер во Северна Ирска

Објавено

на

Неверојатна кражба на банкомат снимиле надзорните камери во близина на градот Дангивен во Северна Ирска. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange