Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Ќе се печатат нови банкноти од 10 и 500 денари на кои ќе пишува Северна Македонија

Објавено

на

По промената на името во Северна Македонија, очекувано беше во брзо време да добиеме и нови банкноти на кои ќе биде испишан новиот назив на државата.

Сето тоа, станува реално откако Народната банка објави дека склучила договор за набавка на нови банкноти од 10 и 500 денари. Дизајнот ќе остане ист, а единствената промена ќе биде додавањето на новото име на државата.

Потребно е да се заменат буквите НБРМ со НБРСМ и текстот Народна Банка на Република Македонија со текст Народна Банка на Република Северна Македонија секаде каде што се појавуваат – стои во склучените договори.

За набавка на 20 милиони парчиња во апоен од 10 денари, Народната Банка ќе плати 971 илјади евра, а за 15 милиони парчиња од 500 денари ќе плати 587 илјади евра. Банкнотите ќе се печатат во Обединетото Кралство односно во Франција.

Парите ќе се заменуваат постепено, односно со повлекувањето на оштетените парчиња. Целиот процес треба да трае повеќе години, а евентуално негово забрзување може да се очекува со отворањето на соодветното поглавје од преговорите со Европската Унија како што е предвидено со Преспанскиот договор.

Засега е неизвесно дали денарите ќе станат и двојазични. Се уште се чека мислењето на Венецијанската комисија која треба да каже дали е во согласност со Уставот парите освен на Македонски да бидат испишани и на Албански јазик.

НБРМ

Објавен традиционалниот конкурс за учениците од основите и средните училишта по повод Светскиот ден на штедењето и Денот на осигурувањето

Објавено

на

Народната банка, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување го објавија конкурсот за ученици од основното и средното образование, којшто веќе неколку години наназад е заедничка активност по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Денот на осигурувањето – 1 ноември. Трите институции коишто заеднички учествуваат и во Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, со овој конкурс имаат за цел да ja поттикнат креативноста, имагинацијата, како и критичкото размислување на учениците при создавањето творби за штедењето и осигурувањето. На овој начин се придонесува за натамошно уште поголемо интересирање и едуцирање на младата популација за овие два клучни сегмента во финансиската сфера. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на „Ерсте инвесторс брекфаст“: Структурните и институционалните реформи можат да овозможат побрз и одржлив економски раст во регионот

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, ја одржа првата стручна презентација на годинешното издание на конференцијата „Ерсте инвесторс брекфаст“, којашто традиционално ја организираат „Ерсте банка“ и „Шпаркасе банка Македонија“. Во презентацијата, таа се осврна на улогата на монетарната политика во процесот на реална конвергенција на економиите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, вклучително и на нашата економија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Продолжува трендот на пад на каматните стапки на кредитите

Објавено

на

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август годинава, и натаму се намалува сведувајќи се на нивото од 5,13 отсто, што претставува месечен и годишен пад од 0,02, односно 0,36 процентни поени, пишува во извештајот на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange