Connect with us

Останато

Ќе се овозможи влез на бизнис ангели во Македонија

Објавено

на

Иновативните бизнис идеи во земјава тешко успеваат да стигнат до финансии како би се реализирале.На  Форум за афирмација на моделот “Бизнис ангели” кои се одржа во Стопанска Комора на Македонија, како начин на финансирање, овој проблем беше главна тема. Свое учество земаа и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ.

Банкарскиот сектор вложува само доколку има гаранции за наплата, а Бизнис ангелите се идентификуваат како високоризични финансиери, кои освен пари, инвестираат и во експертиза.

„Бизнис-ангели“ се всушност инвеститори во бизнис-проекти, старт-ап програми и мали и средни претпријатија. Во светски рамки приближно 50 милијарди долари се инвестираат преку оваа форма на инвестирање. Дури 96% од светскиот бизнис е резултат на претприемничко однесување, а 90% од вложувањата во рана фаза со ризичен капитал се реализираат преку бизнис ангелите.

На Форумот беше истакната важноста на бизнис ангелите во една економија исто како и голема подготвеност за промена на законот за бизнис ангели.

 

 

Останато

Grouper.mk прогласен за Најдобар Сајт за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа изминатава недела традиционално деветта година по ред, Grouper.mk беше избран за Најдобар Сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Национална конференција: Граѓаните воопшто не се запознаени со мерките за вработување

Објавено

на

Во 2018 и 2019 година во однос на 2017 година е намален износот на средства што се издвојуваат за спроведување на активните програми и мерки за вработување, односно за 44% или 437 милиони денари, рече програмскиот координатор Дарко Антиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ на денешната национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange