Останато
Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар.
„Државата од јуни годинава ќе воведе граѓанска обврзница, нов инструмент за финансирање на развојни проекти и на пазарот на капитал”, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.
Граѓанската обврзница ќе биде со рочност од две години, а нејзиниот минимален износ ќе биде 10.000 денари.
Граѓаните ќе можат и пред истекот на рокот да тргуваат со неа на Македонската берза доколку им се потребни парите.
Преку овој инструмент државата планира во Буџетот за 2023 година да инкасира 50 милиони евра.
Како што најави Бесими на денешната средба со новинарите, каматата на граѓанската обврзница уште не е дефинирана, но ќе биде повисока од каматите на депозитите на банките, а пониска од каматата на еврообврзницата на меѓународниот пазар.
„Со тоа граѓаните би добиле повеќе отколку да ги чуваат парите во банките, а државата би се задолжила помалку отколку да позајмува од странство”, појаснува Бесими.
Овој инструмент, како што кажа, секоја година ќе биде присутен на пазарот.
„Сметаме дека ова е вин-вин состојба за сите. Граѓаните ќе имаат финансиски инструмент кој е сигурен, нема да чуваат пари на страна. Знаеме дека многу наши сограѓани кои работат во странство – дијаспората, купуваат недвижности – станови, а стојат празни. За да се купи стан се потребни на пример 100 илјади евра, а овде може да се инвестира минимум 10.000 денари со што парите не се загрозени и со инфлацијата нема да падне вредноста”, потенцира Бесими.
Тој нагласува дека покрај граѓанската, во план на Министерството е да издадат и развојна и зелена обврзница, но се почнува најпрво со граѓанската со цел да се прошират финансиките инструменти за вложување, а тоа не значи дека државната каса е во колапс, па се потребни пари да се наполни, бидејќи и кај банките има доволно средства да се позајмат за полнење на буџетот.
„Издавањето на граѓанската обврзница, заедно со развојната, зелената и проектната обврзница се предвидени уште со Планот за забрзан раст, а граѓанската обврзница е предвидена и во Буџетот за 2023 година, односно нејзиното издавање е дел од предвиденото задолжување во оваа година на домашниот пазар и таа нема да го зголеми дефицитот и јавниот долг”, додаде Бесими.
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
Останато
Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство