Connect with us

Форекс

Ќе падне ли вредноста на еврото?

Објавено

на

Слабеењето на еврото во однос на доларот најмногу им одговара на германските извозници и на економијата, додека натамошното зајакнување на доларот нема добро да се одрази на економската активност во САД. Затоа американската централна банка нема да дозволи драстично јакнење на доларот, велат аналитичарите.

Курсот на еврото, кој од 2003 година е посилен од доларот, моментално изнесува 1.13 долари и е најнизок во последната година во однос на американската валута. Доларот зајакна по најавите на американската централна банка дека со прекинот на откупот на обврзниците основната каматна стапка постепено ќе се зголемува.

Зошто доларот јакне во однос на еврото?

Што го предизвика зајакнувањето на доларот во однос на еврото, до каде ќе оди и како ќе се одрази на економијата?

Клучниот сигнал за растот на американската валута се најавите на највисоките функционери во двете највлијателни банки, американската централна банка (ФЕД) и Европската централна банка (ЕЦБ), кои практично најавија зајакнување на доларот и слабеење на еврото.

Неочекуваниот раст на платите во САД, како и трошоците настанати поради прекин на синџирот на снабдување, доведоа до непредвиден пораст на цените, кој според последните податоци е 6,2 отсто, што не е забележано во последните 30 години. Затоа, инфлацијата нема да биде толку краткотрајна како што беше првично пресметана.

Токму оваа ситуација со инфлацијата ќе ги натера американските монетарни власти, на чело со ФЕД, многу порано од предвиденото да почнат да ги спроведуваат рестриктивните мерки за ограничување на инфлацијата, односно со зголемување на основните каматни стапки.

Инфлацијата, сепак, нема да биде краткотрајна

Федералните резерви, кои во моментов издвојуваат сума од 120 милијарди долари месечно за купување обврзници и ги вбризгуваат до економијата и граѓаните погодени од ковид пандемијата, неодамна одлучија да започнат со намалување на предвидената сума за 15 милијарди долари месечно до крајот на годината. Кон средината на 2022 година треба да почне испумпувањето на пари од економијата, кога според планираното постепено би почнало и покачувањето на ниските каматни стапки.

Директорот на ФЕД, Џером Пауел призна дека инфлацијата, за која се тврдеше дека е краткорочна, ќе се прошири доста длабоко во следната 2022 година. Токму поради тоа, САД се под сериозен притисок многу порано од предвиденото да започнат со зголемување на каматните стапки.

За разлика од САД и најавеното покачување на основните каматни стапки, директорката на ЕЦБ, Кристин Лагард изјави дека европската централна банка нема намера да ги зголеми каматните стапки и покрај инфлаторните притисоци, кои пред се доаѓаат поради очигледната енергетска криза.

На кого му одговара послабото евро?

На прашањето какви последици ќе има падот на еврото во однос на доларот врз економијата, аналитичарите сметаат дека тоа совршено ќе им одговара на германските извозници.

„Секое четврто работно место во Германија зависи од извозот, пред се во автомобилската индустрија и машинството. Слабеењето на еврото, односно германските концерни, апсолутно и одговара на германската економија, која треба да биде локомотива на економскиот раст на еврозоната, бидејќи трошковната инфлација секогаш е поврзана со ненормалната јачина на валутата, која е ненормална во контекст на огромното печатење на милијарди евра и долари“, анализираат експертите.

Дали може да се очекува изедначување на еврото со доларот?

Тешко може да се очекува таков расплет на настаните, бидејќи американските власти нема да дозволат да дојде до тоа и веднаш ќе реагираат на таквите сигнали, бидејќи на американските корпорации воопшто не им одговара драстичното јакнење на американскиот долар. Силниот долар може многу негативно да влијае врз економската активност во претстојниот период.

Форекс

Руски економист предупредува: Во егзотични валути не треба да се вложува!

Објавено

на

Најслабите средства во кои секако не треба да инвестирате се таканаречените егзотични валути, изјави за агенцијата „Prime“ инвестицискиот стратег на „BKC World of investments“, Александар Бахтин. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Пад на вредноста на ЕУ валутата – Еврото е пак под 1,13 долари!

Објавено

на

Курсот на еврото денеска повторно падна под прагот од 1,13 долари, објавија германските финансиски публикации. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Поради новиот сој на коронавирусот пад на вредноста на биткоинот за 8 проценти

Објавено

на

Вредноста на биткоинот денеска се намали за речиси 8 проценти по извештаите за нов сој на коронавирусот, кој потенцијално е отпорен на вакцина. (more…)

Продолжи со читање


Популарно