Домашни банки
ЌЕ ИМА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА НАЈБАРАНИТЕ АКЦИИ НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА!


Македонска берза АД Скопје известува дека денес на ден 22.03.2022 година – Вторник, на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), од страна на продавачот Еуростандард банка АД Скопје – во стечај ќе се понудат за продажба 890 обични акции издадени од Централен Депозитар за хартии од вредност АД Скопје што претставува 14,83% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 15.000,00 денари по акција преку моделот “на парче“.
Согласно позитивната законска регулатива ( член 35, став 1 и став 2 од ЗХВ) постои ограничување кој може да биде акционер во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје и тоа:
“Акционери во депозитарот можат да бидат брокерски куќи, банки, друштва за осигурување, друштва за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, берзи и депозитари, со добиена дозвола за работење од орган надлежен за издавање на дозвола за работење на овие субјекти.
Правните лица од ставот 1 на овој член и со нив поврзаните лица можат да се стекнат со квалификувано учество на акции само во еден депозитар.“
Согласно позитивната законска регулатива ( член 2, точка 19а од ЗХВ) поимот квалификувано учество е дефиниран на следниов начин:
“Квалификувано учество во брокерска куќа, берза или депозитар за хартии од вредност” е директно или индиректно поседување на најмалку 10% или повеќе од вкупниот број на акции или од издадените акции со право на глас во брокерска куќа, берза или депозитар за хартии од вредност, без оглед дали лицето ги стекнува акциите само или заедно со други поврзани лица”
Согласно позитивната законска регулатива ( член 152a, став 1 од ЗХВ) постои следново ограничување:
“Физичко и/или правно лице кое има намера директно или индиректно, постапно или одеднаш, да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ надминува 10%, 20%, 30% и 50% од вкупно издадените акции со право на глас на брокерска куќа, депозитар или берза на хартии од вредност, без оглед на тоа дали има намера акциите да ги стекне само или заедно со други поврзани лица, е должно да поднесе барање до Комисијата за добивање на претходна согласност за стекнување на квалификувано учество.”
Домашни банки
Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!


Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)
Домашни банки
Јавен повик за учество на Собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје


Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје