Connect with us

Домашни банки

Ќе имаме ли поевтини кредити во иднина?

Објавено

на

Народната банка минатата недела ја намали каматата на благајничките записи од 3% на 2,75% и тоа е историски најниско ниво, но интересот на банкарите за овој финансиски инструмент не се намали. Минатата среда тие вложија вкупно 406,5 милиони евра во благајнички записи, односно максималниот износ што го понуди Народната банка.

Интересот на банкарите за благајничките записи не се намали ниту откако Народната банка ја намали каматата на овој финансиски инструмент на историски најниско ниво, од 3% на 2,75%. На аукцијата минатата среда, банките вложија во благајнички записи вкупно 406,5 милиони ера, односно максималниот износ што го понуди Народната банка.

Пониската камата што отсега ќе им ја плаќа Народната банка на банките што ќе вложуваат во благајнички записи значи намалување на приходите во банкарскиот сектор, па економистите очекуваат падот на каматите да почне од депозитите, односно банкарите да ги компензираат пониските приходи со намалување на трошоците преку пониски пасивни камати.

На прашањето дали ќе се намалат и каматите на кредитите и колку пониската камата на благајничките записи ќе ги мотивира банкарите наместо во овие хартии од вредност парите да ги делат како кредити, одговараат дека тоа зависи од побарувачката на пазарот.

„Банките се уште согледуваат високи ризици кај приватните фирми па така интересот за инвестирање во оваа сигурна алтернатива како што се благајничките записи или пак државните записи што ги издава Министерството за финансии не се намалува иако каматите паѓаат. Од друга страна, има проблеми и на страната на побарувачката, особено што компаниите се уште најмногу бараат кредити за тековна ликвидност и нема доволно инвестициски проекти што бараат финансирање“, оценуваат банкарите.

Народната банка објави извештај што покажува дека кредитната активност на банкарскиот сектор во вториот квартал бележи раст од 6,3% на годишна основа, за што поголем придонес има кредитирањето на домаќинствата. Кредитирањето на приватните компании се уште има послаба динамика.

Намалувањето на основната камата е прв потег во насока на олабавување на монетарната политика на новата гувернерка Анита Ангеловска Бежоска. Каматата на благајничките записи континуирано се намалува од крајот на 2009 година, кога достигна највисоки 9% во екот на економската криза.

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка претходната недела во соопштение за јавноста објасни дека „согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика сепак се нешто поповолни од претходно, што укажува на тоа дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика. Намалувањето на каматната стапка е одраз на континуирано поволните движења на девизниот пазар, коишто покажуваат солидна надворешна позиција и стабилни очекувања на економските субјекти. Поволни се и поместувањата во депозитната база на банките, што исто така е сигнал за стабилни очекувања и доверба. Општо земено и на оваа седница, Комитетот ги задржа досегашните согледувања за здрави економски основи и отсуство на нерамнотежи“, пишува во соопштението.

Сепак, останува констатацијата за и натаму присутни ризици и од домашното и од надворешното окружување, коишто можат да ги променат поволните трендови. Од таа причина, НБРМ ќе продолжи внимателно да ги следи трендовите во следниот период.

 

 

Домашни банки

Осигурување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје не е осигурителна компанија, меѓутоа како овластен застапник во осигурувањето во соработка со осигурителните друштва Кроација Осигурување/Неживот и Уника Лајф за своите клиенти обезбеди повластени цени и услови за најбараните осигурителни производи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова локација на експозитурата на НЛБ Банка во Ново Лисиче – Скопје

Објавено

на

Во насока на подобрување на корисничкото искуство при користењето на банкарските производи и услуги, експозитурата на НЛБ Банка во населбата Ново Лисиче, почнувајќи од 14.1.2019 година, се сели на нова локација во поголем и посовремен простор. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ќе отвори своја осигурителна компанија

Објавено

на

По информацијата објавена од Македонската берза дека акциите на „Нова Осигурување АД Скопје” се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок-трансакции, „Халкбанк АД Скопје” и официјално потврди дека сега поседуваат 100 отсто од капиталот на осигурителната компанија.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange