Connect with us

Криптовалути

Јужноафрикански браќа исчезнале откако украле биткоини во вредност од 3,6 милијарди долари

Објавено

на

Двајца браќа и основачи на платформата за криптовалути „Africrypt”, со седиште во Кејп Таун, Јужна Африкa, исчезнале, откако незаконски присвоиле биткоини на нивни клиент во вредност од 3,6 милијарди долари, се вели во извештајот на „Bloomberg“.

Сомнежот за инвеститорите во платформата започна во април кога главниот оперативен директор на „Africrypt”, постариот од двајцата браќа (Амер Каје), ги информирал клиентите дека компанијата била жртва на хакерски упад и побарал од нив тоа да не го пријавуваат кај полиција или адвокати, бидејќи на тој начин ќе се забави просецот на враќање на изгубените средства.

Тој и неговиот брат, Рис, ја основаа компанијата во 2019 година. Откако добија застрашувачко известување, група инвеститори ги ангажираа адвокатите на Ханеком за да спроведат истрага, а друга група започнала стечајна постапка против „Africrypt”. Веста првично беше објавена на почетокот на оваа недела од страна на „BitcoinKE”.

Според извештајот, адвокатите на Ханеком во моментов ја испитуваат ситуацијата. Досега тие не беа во можност да ги лоцираат основачите на „Africrypt” и ја известија приоритетната единица за истрага на криминалот во Јужна Африка, „Јастребите“. Крипто-размените ширум светот, исто така, се ставени во состојба на готовност за претпоставената кражба во случај браќата да се обидат со какви било конверзии на криптовалути.

Освен сомнителното соопштение, излезе дека вработени на „Africrypt” изгубиле пристап до бекендот на платформата седум дена пред наводниот хакерски напад.

За време на тековната истрага, адвокатите на Ханеком открија дека вложените пари во „Africrypt” биле префрлени од дигиталните паричници и сметките на клиентите, во т.н. тамблери и „миксери“ за биткоини кои помагаат криптовалутите да не можат да се следат.

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци

Објавено

на

Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Ископани се речиси 90% од биткоините во светот: Што по нивното целосно ископување!?

Објавено

на

Биткоинот, најголемата и најпознатата криптовалута во светот, има ограничена понуда на монети, а речиси 90 проценти се веќе ископани. (more…)

Продолжи со читање



Популарно