Електронско банкарство
ЈП Водовод и канализација: Се поголем број на граѓани ја користат можноста за онлајн плаќање на сметки


Основна дејност на Ј.П. Водовод и канализација Скопје е собирање и дистрибуција на вода за пиење како и пречистување и одведување на урбани отпадни води, обезбедување на здравствено исправна вода за пиење неопходна за животот на граѓаните и воопшто за функционирање и развој на Град Скопје. ЈП Водовод и канализација е основано како самостојно претпријатие во 1992 година и нуди широк спектар на канали за плаќање на сметките кои се постојано достапни на потрошувачите. Станува збор за можност за онлајн наплата преку веб страната или мобилната апликација за Android и IOS оперативен систем, плаќање на сметките за вода и смет преку банка (електронско банкарство, мобилно банкарство, со траен налог или на шалтерите на банките и пошта), шалтерска наплата (Централа и пункт Сарај) како и самоуслужувачки уреди во моментов достапни на 4 локации.
Стефан Вангелски, Советник на директор за финансиски прашања во ЈП Водовод и Канализација вели дека изминативе години ова претпријатие силно се посвети да ги овозможи сите канали за наплата на сметки со посебен акцент на дигитализација и заштита на животната средина. Следејќи го трендот на дигитализацијата, претпријатието ја зголеми достапноста на своите услуги и можностите за наплата преку речиси сите канали, веб страна, мобилна апликација, но и воведе повеќе апарати за самонаплата на неколку локации низ градот Скопје. Успехот и зголемената наплата се должи токму на тоа, зголемената достапност на услугите за граѓаните и следење на дигиталните трендови.
Можноста граѓаните и бизнисите да ги плаќаат сметките онлајн е имплементирана од март 2012 година. Онлајн наплатата бележи константен раст, особено по започнувањето на COVID-19 кризата кога наплатата се зголеми за речиси 3 пати. Дополнително кон овој раст придонесе и имплементацијата на системот „Плати брзо” што им овозможува на клиентите без креиран профил да ја платат сметката за помалку од 10 секунди. Компанијата во моментов има 51.800 корисници, регистрирани за плаќање сметки онлајн.
Веб страната на претпријатието и мобилната апликација за Android и IOS нудат одлично корисничко искуство за секој корисник и неколкукратно ја олеснуваат секојдневната комуникација помеѓу корисниците и претпријатието. Преку постојано прилагодување на потребите на корисниците, опцијата за онлајн плаќање на сметките, внесување состојба на водомер (со што се избегнуваат чести посети од инкасатори), пријава на дефект, испраќање на известувања за навремени интервенции од страна на компанијата и други можности кои се повеќе се користат од страна на потрошувачите секојдневно работиме за да бидеме поблиску до нив, а целата активност да можат да ја комплетираат од својот удобен дом или работното место. Сите овие новитети придонесоа значително да се зголеми користењето на дигиталните канали.
Во текот на 2020 година растот на бројот и вредноста на трансакциите кои се однесуваат на платени сметки онлајн изнесуваше 145% во бројот на трансакции, односно 177% кај вредноста на трансакциите. Во текот на 2021 година, од почетокот на годината до денес, ЈП Водовод и Канализација Скопје има остварено 371.750 примени наплати онлајн, со што е реализиран промет од 306 милиони денари.
Извор: Гостински текст на Стефан Вангелски, Советник на директор за финансиски прашања во JП Водовод и канализација
Домашни банки
Брзо и сигурно плаќање со HalkPay, Вашиот мобилен паричник


Халкбанк АД Скопје со задоволство ги информира своите почитувани клиенти дека отсега HalkPay е достапен и со Visa картичките на Халкбанк. (more…)
Електронско банкарство
AETM лансира “Алијанса за родова еднаквост на работното место”


Асоцијацијата за е-трговија на Македонија официјално ја презентираше Алијансата за родова еднаквост на работното место (анг. Gender Equality Alliance – GEA), иницијатива која ќе се стреми да придонесе за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот. ГЕА ќе биде насочена кон создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се вреднуваат за нивниот уникатен придонес во работната средина, што ќе создаде нови начини, синергии и платформи за решавање на критичните прашања кои влијаат на развојот на жените на работното место. (more…)
Електронско банкарство
Вредноста на онлајн трансакциите во 2021 изнесува 437 милиони евра, годишен раст од 59%


Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата на глобално ниво забележа значително забрзан раст. Исклучок од ова не беше ниту Северна Македонија каде забележителен е значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции и тоа најмногу во трансакциите реализирани со домашни картички кон домашни е-трговци. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје