Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Јоргованка Табаковиќ: Најдобриот Гувернер на Србија

Објавено

на

Јоргованка Табаковиќ е првата жена Гувернер на Народна банка на Србија. Тоа што ја прави поинаква од сите останати е што таа ја држи српската економска стабилност во свои раце и е најдобриот Гувернер што Србија некогаш го имала.

За прв пат во политиката влегува во 1992 година како член на Српската радикална партија. Во 1998 година станува Министер за економија во Владата на Србија. Во 2008 година (како член на Спрската напредна партија) станува пратеник со Собранието на Република Србија.

Во 1999 година магистрирала во Приштина на тема: “Реформи на банкарскиот систем на Југославија„. Докторира во 2011 година на тема: “Инструменти на Народната банка- домен и ограничувања по примерот на Република Србија„.

На 06. Август 2012 година, официјално стапува на функцијата Гувернер на Народната банка на Србија. Таа го наследува дотогаш воспоставениот систем предводен од Дејан Шошиќ. Вредно е да се напомене, дека Табаковиќ доаѓа на својата функција во време кога во Србија има сериозна економска криза и буџетски дефицит.

Првата задача која мораше да ја заврши Табаковиќ, беше да ја стабилизира инфлацијата и да го зајакне националната валута- динарот.

Денес, Србија има финансиска и политичка стабилност. Динарот е стабилен во однос на еврото, инфлацијата е ниска и има раст на бруто домашниот производ за 3,5%. Според агенцијата Блумберг, динарот е втората најдобра валута во светот во последната година. Тоа на странските инвеститори им влева доверба да инвестираат во Србија. Како еден од успесите на Табаковиќ може да се земе и фактот дека инвестициите во државата се прават во динари, а не во евра или долари, што дополнително му помага на динарот да биде стабилна валута.

Моментално, Табаковиќ води сериозни преговори со ММФ за зголемување на пензиите, дополнителни бенефиции за пензионери и старосната граница за одење во пензија.

Странски банки

Дефинитивно крај за банкнотата од 500 евра!

Објавено

на

Германските и австриските централни банки, банкнотите од 500 евра ќе ги имаат во оптек само уште до овој петок. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка одобри 420 милиони евра за новата четиригодишна рамка за партнерство со земјава

Објавено

на

Бордот на извршни директори на Групацијата Светска банка ја одобри денеска четиригодишната рамка за партнерство која има за цел поддршка за побрз, сеопфатен и одржлив раст во Република Северна Македониjа. Како што најави министерот за финансии претходно со ова на земјава и се ставаат на располагање 420 милиони долари. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

МастерКард се соочува со казна од 14 милијарди фунти!?

Објавено

на

Американската компанија за финансиски услуги, Мастеркард се соочува со еден од најголемите судски процеси во историјата, и доколку го изгуби случајот, тогаш на секој корисник во Велика Британија ќе должи по 300 фунти. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange