Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

Јасмина Кузманова: Најголемата придобивка на Винер Лајф се задоволните клиенти

Објавено

на

Групацијата Vienna Insurance Group во 2010 година ја основа осигурителната компанија за животно осигурување Winner Life и со тоа го продолжи успешното работење на македонскиот пазар под брендот Winner.

Kако дел од оваа моќна осигурителна групација, Winner Life се придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и причина сè поголем број на клиенти да ја подарат својата доверба.

Winner Life во Македонија нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби.

Со квалитетните и конкурентни производи Winner Life на своите клиенти им нуди финансиска сигурност и стабилност, а притоа конзервативното управување во согласност со законските одредби коешто на клиентите им гарантира целосна безбедност на инвестираните средства.

Производите за осигурување на живот што Winner Life како компанија ги нудина пазарот се разновидни и наменети за различни целни групи на клиенти. Најатрактивни производи се Лајф Инвест, Семеен Премиум, 3Д, Ризико, Профит и најновиот атрактивен продукт за детско осигурување– Винко.

Јасмина Кузманова е дипломиран економист и има тригодишно искуство во продажбата.

Јасмина е тим менаџер во Винер Лајф веќе една година и претставува важна алка во успешниот продажен тим на компанијата која од година во година расте и го зголемува своето пазарно учество на македонскиот осигурителен пазар за животно осигурување.

Поразговаравме со Јасмина за придобивките од производот Профит, еден од најатрактивните производи како за граѓаните, така и за компаниите.

Банкарство: Во нашата земја каматните стапки на депозитите се на многу ниско ниво, неатрактивно за клиентите. Токму поради тоа, граѓаните се одлучуваат често за алтернативни начини на оплодување на своите средства од класичен депозит во банка, но исто така многу често се одлучуваат целосно да го заштитат семејството од несакани последици. Профит е производ од Винер Лајф кој на клиентите им ја нуди најважната инвестиција на клиентите, а тоа е посигурна иднина за нив и за нивното семејство. Кои се најголемите придобивки од овој производ и за која целна група на клиенти е наменет?

Јасмина Кузманова: Профит е одличен производ наменет за лица кои имаат слободни или орочени парични средства бидејќи покрај каматата, бонусот за еднократна упата, добиваат и животно осигурување, како најсигурна заштита на семејството од несакани последици. Ова е воедно и главната придобивка на овој производ. Исто така наменет е и за вработени во компанија каде што наместо бонус, работодавецот може да им направи полиса со која ќе бидат заштитени и вработените и нивните семејства.

Банкарство: Премијата за овој производ се плаќа еднократно однапред, клиентот се здобива со сигурност за периодот на склучениот договор, но притоа има опција да ги подигне парите по истекот на првата година од договорот. Дали при подигнување на средствата, клиентот го губи правото на осигурување на својот живот и што се случува доколку е склучен договор на подолг период, а клиентот го раскине истиот предвреме и одлучи да ги подигне парите?

Јасмина Кузманова: Најпрво клиентот има можност после првата година да си подигне заем при што не го губи правото на осигурување на својот живот. Доколку пак се одлучи да го раскине договорот пред време и да ги подигне парите, во тој случај го губи правото на осигурување.

Банкарство: Со оглед дека времетраењето на осигурувањето може да биде од 5 до 40 години, а максималниот период на траење на ова осигурување е до навршени 85 години на клиентот, каква е придобивката на Винер Лајф, со оглед дека, за жал, клиентите често не го дочекуваат истекот на договорот, па компанијата е должна речиси секогаш да ја исплаќа осигурената сума?

Јасмина Кузманова: Најголемата придобивка на Винер Лајф се задоволните клиенти.

Банкарство: Како договорувач на осигурувањето, освен физички лица, може да се јават и правни лица. Со новите законски измени, животното осигурување влегува во редот на признаени трошоци за компанијата. Колку често компаниите го користат овој производ за намалување на своите трошоци, а притоа и за зголемување на сигурноста на своите вработени?

Јасмина Кузманова: Винер Лајф може да се пофали со се поголем број компании кои стануваат наши клиенти бидејќи го увидоа бенефитот што го нуди овој производ. Слободно можам да кажам дека работодавците кај нас сакаат и да ги заштитат и да ги наградат своите вработени. За нив Профит е идеален производ.

Интервјуа

[Viber] ИНТЕРВЈУ: Одблиску со НЕЛА – електронскиот асистент на НЛБ Банка!

Објавено

на

НЛБ Банка од неодамна е првата финансиска институција во Северна Македонија која како дел од своето портфолио со услуги имплементираше целосно бесплатен и самостоен електронски асистент, преку кој клиентите на банката имаат можност користејќи Viber да “разговараат” со електронскиот асистент “НЕЛА”. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со основачите на првата онлајн продавница каде можете да купите на рати

Објавено

на

Иако до неодамна изгледаше невозможно, денес е реалност! Отворена е првата онлајн продавница каде купувачите имаат можност производите да ги купат на рати. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Силвана Миленкова: Лајф Инвест е производ со кој се овозможува заштеда, заштита и инвестиција за секој осигуреник

Објавено

на

Осигурителната компанија Winner Life која е дел од групацијата Vienna Insurance Group на македонскиот пазар нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange